Направете сами ефикасен спреј против комарци од две состојки

Ако летото го минувате во природа, веројатно користите некои од средствата за одбивање на комарци. Сепак, средствата кои се природни и направени дома се секогаш подобар избор.

Истражувањата покажале дека витаминот Б1 (тиамин) кој е растворлив во вода може да биде одлична одбрана од комарците.

Се наоѓа во зелката, брокулата, спанаќот, тиквичките, модриот патлиџан и семките од сончоглед, а ако неговото ниво во телото е високо, на комарците ќе им мирисате многу непријатно и нема да ве напаѓаат.

А еве го рецептот за домашно средство против комарци.

Потребни ви се само две состојки – јаболков оцет и свеж магдонос.

Во сад ставете шака исечкан магдонос, додадете 100 мл јаболков оцет и добро изгмечете го магдоносот во оцетот. Оставете го да отстои неколку часа, процедете ја течноста и ставете ја во шишенце. Ако миризбата ви е непријатна додадете неколку капки есенцијално масло кое го сакате.

Испрскајте од течноста по телото пред да излезете надвор, а меѓу употребата, средството чувајте го во фрижидер.

x

Check Also

Проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  

  Македонија треба да ги следи светските искуства и да го препознае ...