Еден симпатичен моден детал може да биде половина приказна во добриот стил.
Симпатичните нараквици од патент се прават едноставно и брзо. Оваа фенси нараквица ќе додаде приказна во вашиот моден стил, а за да ја направите не ви се потребни пари, туку малку добра волја и фантазија.
Од материјали потребно е – патент со должина да го завиткате околу зглобот на раката, нитни, ланче или украсни камчиња, копче, игла и конец, лепило.
На текстилниот дел на патентот закачете ги нитните или камчињата во каков сакате распоред. Потоа, на краевите на патентот сошијте го копчето за закопчување и нараквицата е готова.
Доколку сакате да експериментирате со креацијата може да направите со истата постапка нараквица од неколку патенти кои се преклопуваат еден со друг.
Би можеле и двата патенти на пример, да ги споите со едно ланче.
Би можеле патентите да ги украсите со различни привезоци, крстчиња или амајлии.
Дизајнирајте ја вашата наракавица по желба и забавувајте се.