Гладијаторските сандали се апсолутен хит за ова лето. Се разбира, се’ што е барано не чини евтино, па еве една идеја како од обични сандали сами да си направите гладијаторски.
Потребна ви е кожена лента долга најмалку 15 педи. Лентата треба да одговара на материјалот и ширината (на ремчињата) на вашите сандали кои сакате да ги трансформирате. Потребни ви се и остри ножици, сандали кои веќе ги имате, силиконски лепак, 6 нитни, алтка за нитни и по желба – една жица долга онолку колку што сакате да го направите висок главниот „гладијаторски ‘рбет“ на сандалите.
Започнете со одлуката колку ленти сакате да имате околу нозете. Ви препорачуваме три ленти зошто е наједноставно и најестетски издржано решение. Потоа измерете ги местата на ногата каде што ќе поминува лентата за да знаете колку материјал ви е потребен.
Со острите ножици исечете ја лентата според претходно одмерените должини.
Најгорните долги парчиња се за предниот дел на ногата ( за таканаречениот гладијаторски ‘рбет), додека другите делови се за околу ногата.
Како на фотографијата, со лепак поминете по горното ремче на сандалата, почекајте 30-тина секунди и потоа залепете ја долгата лента.
Вака треба да изгледа:
Имате опција да употребите жица за да го направите поцвртс гладијаторски ‘рбет, но не е задолжително. Доколку одлучите да додадете жица едноставно со силиконскиот лепак треба да ја залепите на внатрешната страна на долгата лента.
Од надворешната страна пак на долгата лента залепети ги трите ленти за околу ногата и оставете да се исушат.
Мерејќи ја ширината на ногата со лентите кои веќе се залепени на гладијаторскиот ‘рбет најдете го соодветното место за поставување на нитните.
И гладијаторските сандали се готови!