Ви треба нова капа за оваа зима? Да, за промена, но (исто така за промена), не ја купувајте туку направите ја сами.
Претпоставуваме дека би сакале да ја покажете својата креативност, но не знаете или немате време да плетете. Ако спаѓате во оваа група продолжете да читате.
Еве како да направите капа доколку имате стар џемпер кој повеќе не го носите.
За мерка, може или да се измерите или полесно да имате слична капа која ќе ја користите како шаблон.
Капата поставете ја така што долниот дел е на „ластикот“ од џемперот. Со шпенаглите зафатете го џемперот по рабовите од капата.
Доколку имате шарен џемпер – тогаш поставете ја капата на шарата која ви одговара.
Исечените делови сошијте ги по работ. Внимавајте – шиете од опачината на џемперот.
Превртете и капата е готова.
Доколку сеуште ве држи креативниот дуџ, може капата да ја украсите и со едно топче.
На видеото може да видите како наједноставно да направите топче од волница.
Големината на топчето зависи од тоа на колку прсти ќе ја мотате волницата. За оваа капа ви препорачуваме да ја мотате волницата на четири прста. И секако, за повесела капа употребете барем две различни бои на конци.