Направете сами свој шампон

Домашните шампони се состојат потполно од природни состојки па затоа, ако добро се направат, подобри се од купените.

Избегнете ги хемикалиите и направете природен шампон за нега на вашата коса.

sampon 2

Еве два рецепта за домашен шампон од камилица и шампон од коприва.

Шампон од камилица

Камилицата е прочуена како здрава билка која има својства на смирување и затоа е одлична како темелна состојка на шампонот. Помага и за забрзан раст на косата.

Рецепт – 4 ќесички чај од камилица ставете ги во половина чаша зовриена вода и осавете пола час да отстојат. Додадете парченце изрендан сапун кој ќе се стопи во водата. Мешајте додека не добиете компактна смеса.

Шампон од коприва

Копривата делува на здравјето на косата, а особено е важна во борбата против првут и го спречува паѓањето на косата.

sampon1

Рецепт – Листови коприва ставете во ¼ литро зовриен овошен оцет. Оставете ги 10 минути во оцетот, потоа исцедете ја течноста и почекајте да се излади и шампонот е готов.

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...