Македонската претставничка на Мис модел во светот, натпревар за убавина кој се одржуваше во Кина, се врати во Скопје задоволна од успехот, иако не се закити со титула.
Победничка на изборот беше мисицата од Татарстан, позната по скандалите во текот на престојот во Кина.
Како и да е, и честитаме за убавиот успех на Емилија Розман и за достојното претставување на Македонија.
Инаку, нашата убавица добила понуди за модни ангажмани во Кина, но сепак не прифатила ниедна.