Наш избор: 5 најекстравагантни марки за долна облека и костими за капење

Сеуште мислите дека прочуената марка Викторија сикрет ги нуди најекстравагантните модели на долна облека?

Сариери, лето 2014

Сариери, лето 2014

Освен со добриот маркетинг и суперзгодните ангели Викторија сикрет нема баш што да понуди во споредба со она што го нуди конкуренцијата производители на екстравагантна долна облека и костими за капење.

Во силната конкуренција на производители на долна облека кои лансираат и колекции на костими за капење денес се издвојуваат десетина луксузни специјализирани компании кои освен раскошот што го нудат, посебни се и по цените.

Издвојуваме пет од нив. На оние кои можат да си ги дозволат топло им ги препорачуваме.

1. Сариери (I.D. Sarrieri)

Високософистициран бренд, со врвни материјали, моделите  асоцираат на заведување и екстраваганција. Конците на производство ги држи Лулија Добрин, која ја презема старата фабрика на само 25-годишна возраст, трансформирајќи ја во прочуен луксуз, каков што е и долната облека и линиите на костими за капење што излегува од тука. Зависнички од оваа марка се Хали Бери, Никол Кидман и Камерон Дијаз.

kostimi 2 - p

Пара

2. Пара (Parah)

Модели што воодушевуваат, на кои забелешка не може да им најде и најспецифичната џетсетерка. Производството е во истоимената фабрика во Италија, а познати се по иновативноста и деталите.

kostimi - 3

3. Бордел (Bordelle)

Славата ја стекнуваат благодарение на Лејди Гага, а цените се вртоглави. Помалку се познати по лимитираните линии на костими за капење. Што се однесува до моделите на долна облека – тие не е за секого, зашто за да се носат мора да се биде малку ексцентричен. Може да се носат и без да се облече врз нив нешто, „на голо“.

Сарда

Сарда

4. Андрес Сарда (Andres Sarda)

Андрес Сарда, роден во Барселона, ја наследува текстилната компанија од своето семејство кое работи на креирање долна облека уште од 19 век. Ова е една од најстарите луксузни фабрики за долна облека во светот, а Сарда од неа направи вистински славен бренд.  Пред неодамнешното пензионирање, Андреас работата ѝ ја предаде на неговата ќерка Нуриа Сарда, која го надмина модниот гениј во фантазијата. Во поново време лансира и ексклузивни линии на костими за капење.

kostimi 5

5. Ерес (Eres)

Познати по технологијата на изработка на фина долна облека која станува синоним за елеганција. Умерени, безвременски и крајно елегантни дизајни, по солени цени, кои ќе ја променат на подобро формата на вашето тело.

 

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...