Нашминкајте се како Скарлет Јохансон

Практичен водич во неколку чекори за да се „ископира“ убавата шминка на Скарлет Јохансон користејќи козметичка линија од Долче и Габана.

stil123

Без сомнение Скарлет Јохансон е една од најубавите актуелни холивудски ѕвезди. Јохансон годинава е заштитно лице на декоративната козметичка линија на Долче и Габана – Мејкап перфект моно.

Еве како да се нашминкате како неа.

Очи – Користејќи го прстот нанесете златна нијанса од перфект моно над капаците. Потоа, нанесете ја светлата нијанса на надворешните краеви од очниот капак за да создадете ефект на подлабок поглед. Изедначете ја нијансата со четкичката за очи. Нанесете црн молив за очи креирајќи линија со нагласени точки кај трепките. На внатрешните краеви под очите нанесете светол молив за очи. Финиширајте го совршениот изглед со црна маскара.

Веѓи – Дајте им форма на вашите веѓи со моливот за веѓи во нежна кафена боја и изедначете ја бојата со четкичка за природен ефект.

Кожа – Нанесете коректор на јагодиците за да го осветлите лицето. Потоа нанесете нежно розово руменило за да добиете здрав изглед.

Усни – Искористете го моливот за очи во боја на кашмир за да ги дефинирате контурите на усните. Потоа подвлечете ја средината на усната со моливот за усни за да се создаде основа за аплицирање на карминот. Употребете го крем-карминот во кафено-розова нијанса.

Нокти – Нанесете од интензивниот лакт за нокти во лилакова боја за да го финиширате перфектниот моно изглед.

x

Check Also

Грејс Елизабет е лице во новата кампања на Estee Lauder

Новиот ангел на Викторија сикрет, Грејс Елизабет, е главно лице во рекламната ...