НАСКОРО | PREMIUM задоволства кои освојуваат!

Ексклузивниот бренд за долна облека, PREMIUM  мистериозно ја најавува новата колекција за есен 2019-та. Објавите каде суптилно ја затскриваат новата колекција и модели, дополнително ја будат заинтересираноста за дизајните и модните парчиња. Каква долна облека ќе биде актуелна, кои се материјалите од колекцијата, за што се работи?
Го запрашавме тимот на PREMIUM да ни откријат повеќе детали…

-Ја најавуваме новата колекција за есен 2019-та со модни градници и свилена линија на луксузна долна облека која вклучува ноќници и пижами со висок квалитет. Очекувајте продолжување на приказната за квалитет над луксуз, а тоа значи проширување на асортиманот и збогатување на понудата со новата есенска колекција. Секоја девојка и жена која знае што сака, а го сака најдоброто за себе ќе може да одбере од палетата на градници во сите големини, со фантастични дизајни и удобност. Горди сме на особено значајниот новитет – градниците со поголеми броеви на корпи, наменети за девојки и жени кои имаат потреба од модел на градник кој ќе ги задоволи основните потреби, а во кој воедно ќе изгледаат привлечно и ќе се чувстуваат пријатно – изјавија од тимот на Премиум.

Погледнете го краткото видео и очекувајте задоволство по кое сите трагаме. Долна облека која освојува! Продажното место на Премиум  се наоѓа во ГТЦ на приземје, а новата колекција со фантастични предности ја очекуваме што побрзо!

x

Check Also

After Party понуда до -70% во Sara Fashion

Попустите во Сара Фешн по повод 20 годишнината од нивното постоење продлжуваат ...