Натали Портман позира за новата пудра од Диор – Diorskin Forever Undercover Foundation

Актерката Натали Портман блесна во новата рекламна кампања за луксузната козметика Диор, рекламирајќи ја новата течна пудра Diorskin Forever Undercover Foundation.

За изгледот на глумицата се погрижи креативниот директор на Диор мејкап, Питер Филипс.

Новиот производ од Диор ветува 24-часовна целосна покривност и водоотпорност. Како и претходните пудри од оваа марка, и новата содржи богата формула за навлажнување и заштита на кожата, како и сјаен финиш.

 

x

Check Also

Нов цветен парфем од Марк Џејкобс совршен за потоплите денови

Меган Роше, Каја Гербер и Адут Акеч позираат за новиот парфем на ...