Натали Портман се расоблече за новата пудра од DIOR

Глумицата Натали Портман е заштитно лице на Диор веќе 10-на години, а за потребите на новата рекламна кампања на француската луксузна марка, Портман позира топлес.

Ѕвездата на ‘Vox Lux’ се соблече за да ја рекламира новата течна пудра на Диор, наречена Dior Forever. За стилот на глумицата во кампањата на Диор се погрижи Марија Грација Кјури.

Инаку, новата пудра од Диор има гаранција за мат ефект и трајност од 24 часа. Во продажба ќе биде од почетокот на февруари 2019.

x

Check Also

Топ 5 најпопуларни женски парфеми во 2018 година

Листата на најпопуларни, а со тоа и најрподавани парфеми за 2018 година ...