Наталија Водјанова, нова есенска невеста, му рече „oui“ на Антоан Арло

По објавувањето на свршувачката на 1 јануари, Наталија Водјанова му рече „да“ на наследникот на LVMX, милијардерот Антоан Арно.

Идејата за венчавка веќе подолго време лебдеше во воздухот, а 38-годишната руска супермоделка го објави тоа преку социјалните мрежи на почетокот на годината со дијамантен прстен. По осум години веренички живот и две деца, време беше да ја официјализира приказната со Антоан Арно.

За важниот настан на кој Водјанова рече „да“ (вторпат по бракот со богаташот и лорд Џастин Портман, кој заврши во 2011 година), таа носеше минималистичка бела креација од руската дизајнерка Улијана Сергеенко, инспирирана од стилот на 80те години.

View this post on Instagram

OUI! 💝💝💝

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Максима од Холандија во црвена модна комбинација од глава до пети

49-годишната кралица присуствуваше на настан во Утрехт облечена во тотален изглед во ...