Национална донаторска акција- Нахрани 10.000

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна, која е во организација на Асоцијацијата „Ајде Македонија“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта е на граѓаните да им се даде можност редовно да донираат храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.

Хуманитарниот чин ќе се случи на 16 октомври по повод Денот за борба против гладта,, кој ќе започне во 10 часот и ќе трае се до 19 часот во следните градови: Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница.

„Секој месец ќе се случува настанот „Нахрани 10.000“. Сакаме да прерасне во редовна активност во која граѓаните ќе им помагаат на ранливите категории сограѓани, кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно“ велат организаторите.

Во апелот од организаторите се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Акциите ќе се случуваат на 30 локации во 8 града во Македонија

Според Државниот завод за статистика во Македонија имаат проблем да обезбедат храна 445,099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно. Од друга страна, годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26 000 граѓани да имаат по три оброка дневно. Нејзината вредност се проценува на најмлаку 11.6 милиони евра што може да се искористи како нова програма за социјална заштита.

Црвен Крст на Македонија, АДРА, Љубезност, Хуманитар. Орган. Св.Спас- Драчево, Легис, Организација на жени- Битола, Хуман. орган. „Утешител“- Битола, Организација на жени- Скопје, Кризен Центар Надеж, Ластовица, Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака – Прилеп, Здружение Романо Вило – Кочани, Здружение на Роми – Авена, Кочани, Здружение за инклузивно општество „Инклузива“- Куманово, Здружение „Ластовица“, Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром – Вера Струмица и Радовиш и Хуман. орган. „Одигитрија“- Виница.

Организациите членки на „Сите сити“ водат евиденција на различни категории на социјално загрозени граѓани, кои имаат потреба од оваа храна. Храната ќе се пренесува во вид на неделни/месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, дел ќе се носи до нивните домови. Податоците со кои располагаат организаторите за тоа кои семејства се социјално загрозени се добиени директно од Заводот за статистика во однос на просечни примања по 4-члено семејство во Македонија. Кога ќе се распредели во денови и оброци, а притоа се спореди со цената на чинење на еден нутритивен оброк определена од Министерство за труд и социјална политика, 1 од 5 луѓе во Македонија не може да си ги дозволи сите оброка во текот на една година.

Според најновата студија на „Програмата на Обединетите Нации за животна средина“ (УНЕП), една третина од произведената храна во светот или околу 1.3 милијарди тони завршува како отпад. Македонија и покрај својата специфична социјална и економска ситуација, не се разликува од трендовите во развиените земји на фрлање храна. Околу 30 проценти од храната произведена или увезена во Македонија, никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето, во текот на транспортот или на крајот во отпад ја фрлаат големите трговски синџири и потрошувачите. Покрај тоа што сме држава која се соочува со висока стапка на сиромаштија и социјална несигурност, според „Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации“ (ФАО), ние сме рангирани на осмото место во светски рамки по количина на фрлена храна според бројот на жители. Со намалувањето на количеството отпад од храна и дистрибуцијата на вишокот храна на луѓето на коишто им е потребна, Македонија може да го намали проблемот со гладот и сиромаштијата.

x

Check Also

Со вакви резултати не може да се пофали ниедна друга диета!

Сѐ со текот на времето се менува, па и диетите. Класичниот пристап ...