Националната асоцијација за дојдовен туризам во посета на Охрид

Форт Кафе од Охрид, Вила Мина од Лагадин и Бродот Армада кој плови по Охридското Езеро, стануваат  нова одредница за National Association for Incoming Tourism, со што стануваме официјална точка на посети за странските гости кои ќе го крстосуваат регионот.
Уште една добра вест пристигна деновиве, Македонија е веќе на листата на „безбедни земји“ од Ковид 19 – според ЕУ и странските гости можат слободно да не посетуваат.
Две вакви вести, беа прославени на начин како што заслужуваат.
Беа поканети членовите на National Association for Incoming Tourism, во Охрид и им беше организирана  дводневна агенда за нетворкинг.
Крстарење со најновиот АРМАДА брод, дегустација на специјално дизајнирана листа на македонски коктели, вински дегустации на врвните Сковин вина кои штотуку се вратија закитени со меѓународни награди за квалитет, уживање во гастрономски специјалитети карактеристични за Охрид, многу часови на дружење, но и одмор во мир и плажа во Вила Мина, Лагадин.
Најавите за странските туристи се одличен знак дека оваа сезона ќе биде поинаква од минатигодишната. Овие три точки продолжуваат со нивната приказна да бидат автентичен приказ на едно поинакво туристичко доживување на Охрид.

x

Check Also

Патувачкото кино „МакеДокс“ ќе го почне своето патешествие на 25 јуни

Магаренцето на „МакеДокс“ годинава ќе си киниса кроце по главната артерија која ...