Научниците побарале од Лагерфелд да ги испитуваат неговите надчовечки гени

Карл Лагерфелд е еден од највлијателните дизајнери во историјата на модата. Тој е на чело на „Шанел“повеќе од 30 години, раководи со Фенди повеќе од половина век, а има и своја сопствена етикета, Карл Лагерфелд. Сам дизајнира седум колекции секоја година за Шанел, дури и на возраст од 82 години, не планира малку да забави во скоро време. За ноемвриското издание на британскиот Вог изјави „Мислам дека сум прилично среќен што можам да го направам она што ми се допаѓа во идеални услови. Не треба да се борам со никого. Знаете ли дека договорите со Фенди и Шанел ми се доживотни? И воопшто не се чувствувам уморен. Не ги сакам бавните луѓе“.

Понатаму во интервјуто Лагерфелд објаснува како може да води три различни марки. „Никогаш не ги мешам во мојот ум. Тоа е тајната на успехот. Кога работам за Фенди јас сум друга личност од онаа која работи за Шанел или за мојата сопствена модна марка. Немам една личност. Имам три личности. Никогаш себеси не си поставувам прашања. Се обидувам да ги најдам одговорите. Јас сум како машина со електронски трепнувања, вистина е“.

Всушност, научниците ги забележале овие натчовечки моќи на модниот креатор и сега сакаат да се тестира неговата ДНК.

„Ми беше побарано да го направам тоа.“, вели Лагерфелд. „Бидејќи тие мислат дека не сум нормален. Но јас категорично одбив. Уникатни парчиња се уникатни парчиња. Но, мислам дека ова многу ми ласка, нели? А исто така ми беше побарано да се изврши истражување на мене за нега на кожата за мажи, бидејќи тие мислат дека имам моќ да се обновувам. Немам таква моќ. Можеби сум фејк, ама не сум реобновлив“, додава тој.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...