Научно докажано: Чоколадата и црвеното вино помагаат да останеме фит

Истражувањето кое неодамна е направено во Кингс колеџот во Лондон тврди дека тоа што не дебелее се бактериите кои живеат во нашиот дигестивен систем. Имено, некои бактерии ни помагаат да ја „свариме“ храната, додека други имаат негативен ефект на работата на метаболизмот. Поради тоа, вели истражувањето, мора да им помогнеме на корисните бактерии со тоа што ќе конзумираме храна која тие ја сакаат.

coko 1

Храната која корисните бактерии ја сакаат се сирењето и млечните производи, зрнестите плодови и билните масла, а храната која не ја сакаат се шеќерот и мастите. Сепак, високо на листата на храна која корисните бактерии ја сакаат се чоколадата и црното вино.

Истражувањето понатаму тврди дека што повеќе полифенол конзумираме полесно ќе му биде на организмот да ги искористи витамините и минералите, но и да губи килограми.

Главниот истражувач Тим Спектор оттука препорачува диета со конзумирање на повеќе млечни производи и зрнести плодови, советувајќи дека може да се почастиме при диетата со малку чоколада и чаша црвено вино.

x

Check Also

Три најчести фитнес грешки поради кои се откажуваме од тренинг и слабеење

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто ...