Не е злато се што сјае, па макар и да е Ферари

Самиот збор Ферари асоцира на спортски, луксузен автомобил што не може секој да си го дозволи. Па уште кога и таквиот автомобил е златен, хмм…

F 1

Корисникот на Јутјуб, Шми 150, често знае да изненади со необични снимки, а овојпат тоа го направи претставувајќи ни златно Ферари.

Се разбира не станува збор за позлата, туку за златна хром боја, која бездруго луксузното Ферари 458, прави да изгледа уште понедостижно.

F 3

И додека многумина се воодушевуваат на оваа глетка, нам некако не заболеа очите од сјајот и блескавоста.

Можеби да беше златно „фичо“ повеќе ќе ни се допаднеше. И не дека не можеме да „поднесеме“ толкав луксуз макар и со очи, туку  некако,…Ферари си го сакаме баш – црвено.

Но, за вкусовите, нели, не се дискутира. Можеби вас ќе  ви „легне“ на срце.

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...