Не фрлајте ја кората од банана, еве за што ќе ви послужи

Можеби ќе се зачудите, но кората од банана содржи многу корисни витамини и минерали, па затоа не фрлајте ја, туку употребете ја за маска за лице или коса, а има и други корсни намени.

Го враќа сјајот на растенијата

Со кора од банана пребришете ги листовите од домашните растенија. Таќа ќе ги исчистите од прашина, ќе ги нахраните, а на листовите ќе им го вратите сјајот.

Помага во борбата против акни 

Кората од банана содржи витамин Ц и Е, калиум, цинк, манган и железо. Овие хранливи состојки можат да го ублажат воспалението од акни и да ја намалат нивната појава. Акните премачкајте ги со внатрешниот дел од кората од банана, оставете 20-на минута да делува, а потоа исплакнете го лицето. Истата постапка повторете ја три-четири пати неделно.

За борба против брадавиви

Секоја вечер подрачјето зафатено со брадавица премачкајте го убаво со внатрешниот дел од кората од банана, потоа обложете го со целата кора, покријте го со завој или фолија и така оставате го цела ноќ. Постапката повторете ја десетина дена и брадавицата ќе исчезне.

Го намалува сврбењето

Корисен трик особено за летото пред нас кога има комарци и инсекти. Истријте ја убаво раната со внатрешниот дел од кората од банана и набрзо ќе се решите од сврбењето.

Како маска за коса

Според мислењето на доктор Оз, бананата е еден од најдобрите лекови за оштетена коса. Рецепт за маска? На кората од банана додајте мед, јаје и масло, па заедно изблендирајте ги. Потоа ставете ги во звориена вода. На крајот, исцедете ја водата да добиете погуста смеса. Смесата нанесете ја на косата почнувајќи од темето кон врвовите. Држете ја маската 20 минути, а потоа измијте ја косата со шампон. Косата ќе стане нахранета, свиленкаста и сјајна.

x

Check Also

Од ова природно средство крлежите нема веќе да домуваат кај вашиот домашен миленик

Крлежите и болвите се неповикани и непријатни гости на вашиот домашен миленик. ...