Новиот филм на Софија Копола зборува за денешната култура во која изобилува опседнатоста со луксузните брендови и познатите личности.
Филмот Блинг Ринг (Bling Ring) се темели на вистински настани за младите кои се опседнати од гламурозниот живот на славните и кои ќе украдат луксузна стока во вредност од над 3 милиони долари од нивните домови.
Едни од нивните бројни жртви биле и Париз Хилтон и Орландо Блум, а медиумите ги нарекле младите крадци – Блинг Ринг.
Сценариото и режијата се на Софија Копола.