Не наседнувајте на овие митови за слабеење

Кога милијарди долари се во прашање кои се „вртат“ благодарение на апчињата за слабеење и диетите кои секојдневно „никнуваат“, не е чудо што постојат и дузина дезинформации за тоа што е добро, а што лошо кога сакаме да ослабеме. Еве само некои од најпопуларните заблуди.

di 5

Немојте да јадете после 18 часот

Најдобро нешто што може да направите е да го слушате вашето тело и да јадете кога сте всушност гладни. Не постои истражување кое докажува дека оброкот кој ќе го изедете во 18 часот ќе биде покорисен во однос на вашата тежина од истиот оброк кој би го изеле во 20 часот. Многу е поважно да земете предвид во колку часот би спиеле и што би правеле наутро, штом ќе станете, на пример дали би вежбале или не.

di2

Количина на вода која мора да се испие

Нема сомнение дека на нашето тело му е неопходна вода, меѓу другото и за регулирање на температурата на телото и за ослободување од штетните материи. Но не постои таква „волшебна формула“ која кажува колку литри вода треба да испиеме во текот на денот. Колку вода треба да пиеме зависи и од климата во која се наоѓаме и од тоа колку се движиме. Патем, водата ја добиваме во телото и преку овошјето и зеленчукот.

di1

Сите масти се лоши

За здраво тело потребни се и масти зашто тие даваат енергија. Постојат различни видови на масти. На пример оревите, маслиново масло и рибата содржат здрави масти кои се добредојдени за организмот.

Исхрана според крвната група

Стотици книги се напишани на оваа тема нудејќи различни диети според крвната група. Но не постои ниеден доказ дека одреден вид на храна повеќе одговара за одредена крвна група.

di3

Течната храна и соковите помагаат во слабеењето

Соковите се полни со шеќер, па така овој мит веднаш паѓа во вода. А тоа дали спанаќот ќе го изедете во течна форма или како салата, е сосема безначајно.

Најдобрите диети се оние во кои се исклучува солта

Речиси сите намирници, дури и слатките, содржат сол. Повеќето од нив содржат многу сол. Се разбира добро е да имате контрола на тоа колку сол внесувате, но како би ја правеле таа контрола? Едно релевантно истражување докажува дека и лимитираната минимална конзумација на сол е подеднакво штетна како и преголемиот внес на сол.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...