Не поднесувате дезодоранс? Еве ги 4-те најдобри природни замени

Не ги поднесувате хемиските состојки во дезодорансите, ви ја иритираат кожата и ви создаваат црвенило? Еве ги 4-те најдобри замени за дезодоранс кој се 100 отсто природни.

Свеж сок од лимон

Со памуче истријте ги наутро пазувите со свеж сок од 1 исцеден лимон. Тоа ќе ги убие бактериите, а подеднакво и ќе мирисате свежо во текот на денот. Само запомнете, тој ќе делува како дезодоранс, но не и како антиперспирант (што значи дека нема да го спречи потењето).

Кокосово масло 

Кокосовото масло е совршено за сите видови на нега на телото, а тоа ги вклучува и пазувите. Одлично делува против лошите мириси и ги уништува бактериите. Само внимавајте, премногу е мрсно, па нанесете од него под пазувите само наутро и тоа еден час пред да ја облечете, на пример, кошулата.

Сода-бикарбона

Ова е наједноставниот начин за борба против мирисите на телото без да го изложите на разни хемикалии. Измешајте 1 лажичка сода бикарбона со малку вода – и истријте ја смесата под пазувите. Доколку сакате да го спречите и потењето, додадете во сода-бикарбоната малку и пченкарно брашно.

Етерично масло

Етеричното масло може да го замени дезодорансот на многу природен начин. Побарајте антибактериски сорти, како што се лимон, мајчина душица, лаванда и рузмарин. Можете да го нанесувате преку целиот ден по малку, под пазувите.

x

Check Also

Кара Делевињ ги претставува новите кармини на Dior

Супермоделката Кара Делевињ е ѕвезда во новата кампања за кармини Dior Addict Stellar ...