Не само ќерката, и синот на Синди Крафорд го освојува модниот свет

За успесите во модниот свет на ќерката на поранешната супермоделка Синди Крафорд, Каја Гербер, се почесто слушаме, таа веќе е добро етаблирана во модниот свет и е лице на повеќе луксузни модни марки. Но, сте слушнале ли за Присли Гербер?

Две години постариот брат на Каја, Присли Гербер (20) е едно од главните лица на популарната модна агенција IMG Models. Висок е 183 см, има руса коса, многу личи на мајка си, а на својот Инстаграм профил има над 864 илјади следбеници.

Во 2017 година ја доби наградата Фешн Лос Анџелес за најнадежен млад модел. Дел е од бројните модни ревии на врвните брендови како Келвин Клејн, Барбери, Томи Хилфигер, Долче и Габана, Версаче…

Погледнете ги фотографиите за да ја откриете неверојатната сличност на Присли, Каја и Синди.

x

Check Also

Меган Маркл во „вау“ чизми од Викторија Бекам

На одбележувањето на денот на британските војниги кои загинале во Првата светска ...