Не спиевте добро? Оваа маска веднаш ќе ја врати свежината на лицето

Сте имале лоша ноќ, не сте можеле да заспиете, се чувствувате уморни…Не е важна причината поради која сте останале будни, ама важно е наутро да ја вратите свежината на лицето.

Со оваа ефикасна домашна маска за лице, од само две состојки, тоа веднаш ќе го постигнете.

Потребно ви е – 1 краставица и 2 лажици кефир.

Подготовка

Излупете ја краставицата и пресечете ја на половина. Првата половна изрендајте ја, а другата исечкајте ја на кругови. Изренданата половина изгмечете ја со вилушка, а потоа во посебен сад издвојте ја водичката од краставицата. Потребна ви е 1 лажица од тој сок која ќе ја помешате со кефирот. Добиената смеса нанесете ја на чисто лице, а потоа наредете ги останатите кругови – два круга краставица задолжително ставете врз затворените очи. Оставете да отстои 10 до 15 минути и исплакнете потоа со ладна вода. Пожелно е и краставицата и кефирот да бидат ладни за што подобар ефект.

x

Check Also

ЧИСТИ ФОРМУЛИ – МОЌНИ РЕЗУЛТАТИ!

Новата линија за нега на кожа на AVON е составена од 5 ...