Не сте толерантни на глутен? Пробајте го овој фантастичен рецепт: Вегетаријански киш со брокула

Повеќе од 55 болести се поврзани со глутенот пченица, ’рж и јачмен. Се проценува дека 99% од луѓето кои се нетолерантни на глутен или целијачна болест никогаш не им е точно дијагностицирана болеста, а симптомите најчесто погрешно се толкуваат како булимија или анорексија.

slika 890 Ако имате некои од следниве симптоми, тоа би можело да биде знак дека имате целијакија: 1.Проблеми со дигестијата, надуеност на стомакот, дијареа па дури и опстипација. Запекот особено е изразен кај децата после јадење на глутенска храна. 2.Кератозис пиларис или „кокошкина кожа“. Се појавува ситна црвена исипаност на кожата, како резултат од дефицитот на масни киселини и витаминот А, поради оштетување на цревата. 3.Замор, отежнато концентрирање, чувство на умор после јадење на глутен. 4.Дијагностицирана некоја автоимуна болест. 5.Невролошки симптоми како што се вртоглавица и пореметена рамнотежа. 6.Хормонска нерамнотежа и необјаснета неплодност. 7.Мигрена и главоболки. 8.Воспаление, оток или болка во зглобовите на прстите, колената или колковите. 9.Променливо расположение, анксиозност и депресија. 10.Хроничен замор или фибромијалгија.

Еден од најдобрите начини за да се утврди дали имате проблеми со глутенот е да се направи елиминација на исхраната за најмалку од 2-3 недели, а потоа постепено да се воведе истата. Имајте во предвид дека глутенот е многу голем протеин и за негово чистење од организмот се потребни неколку месеци па и години. Со цел да се добијат точни резултати со оваа метода на тестирање, потребно е 100% елиминирање на глутенот од исхраната.

Доколку сте нетолерантни на глутен, во тој случај секако треба да ја избегнувате и храната која содржи глутен.

Во соработка со стручниот тим на ПанЗеро Глутен Фрее ви го препорачуваме фантастичниот рецепт Киш со брокула.

slika 234

Потребни состојки: 4 јајца 1 главица брокула, 300 грама печурки, 150 грама рендан кашкавал (чедар), 2-3 млади кромидчиња,сол, пипер,округло тавче обложено со хартија за печење

Подготовка: Исечкајте ја брокулата на поситни парчиња. Варете ги 5 минути во врела вода . Извадете ги и убаво исцедете ги. Исечкајте ги младите кромитчиња и печурките.Пропржете ги на малку масло, околу 5 минути, и зачинете ги со малку сол и пипер. Оставете да се излади

Во поголем сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки.Истурете во округло тавче обложено со хартија и печете во загреана рерна на 175 степени, околу половина час.

Послужете со шери домати или салата од рукола.

За повеќе информации за справувањето со проблемите предизвикани од глутенот, обратете се на info@panzeroglutenfree.com

Или на телефоните – (078) 447-081 ; (02) 2650 008

x

Check Also

Велигденски сладок куглоф

За велигденските празници ви го препорачуваме овој вкусен празничен куглоф. Од намирници ...