Не знаете како да му објасните на вашето дете колку е важно миењето раце? Погледнете го ова хит видео!

Возрасните немаат проблем со правилно миење на рацете, но децата се уште не знаат како правилно и детално да ги измијат рачињата. Во времето на коронавирусот пак, најдобриот совет е миење раце. Затоа, не заборавајте на вашите збунети деца.

Како да им објасните на децата се за важноста на миењето раце со топла вода и сапун? Овој трик ќе ви помогне.

Користејќи хартија, вода и масло, учителката Аманда Лоренцо на своите деца од предучилишна возраст им објаснила како точно сапунот делува на вирусните честички.

Видеото го пренесе весникот “Гардијан“ и веднаш стана хит со над стотина илјади прегледи.

Па, доколку барате начин на детето да му објасните дека сега е најважна хигиената на рацете, не постои подобар начин.

x

Check Also

Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?

Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на ...