Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата – Лав и Вага

Оваа недела планетата на љубовта го напушта знакот Девица и влегува во знакот Вага. Вагите, Близнаците и Водолиите ќе бидат најсреќни на сентиментално поле, додека љубовно незадоволство ќе се појави кај Јарците, Овните и Раковите. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп од 6-ти август до 12-ти август 2018.

Овен – Венера во опозиција

Лоши вести за Вагите оваа несела – за жал, Венера влегува во опозиција на вашиот знак. Тензиите кои во последниот период ги чувствувавте меѓу вас и вашиот партнер, сега ќе достигнат степен на вистинска нетолеранција и кавги, особено во многу нервозните денови – среда и четврток. Посреќни денови ќе бидат петок и сабота. Контролирајте ги вашите зборови колку што можете и подобро е сами да отпатувате некаде на краток одмор.

Бик – Не плашете се од промени

Меркур е во неповолна позиција оваа недела за вас, Бикови. Тој ќе ви создаде некои проблеми, особено на работен план, а може и при патување. Постојат различни можности за промени на повидок, но тоа не треба да ве исплаши. Посреќни денови ќе бидат среда и четврток кога Месечината е убаво поставена. Избегнувајте дискусии со партнерот на крајот на неделата и викендот, зашто ќе бидете прилично нервозни, а одлуките ќе ви бидат погрешни.

Близнаци – Голема страст!

Конечно, Венера се враќа да ви се насмее! Оваа недела Венера ќе го поддржува вашиот знак, ќе ја подобри секоја ваша љубовна релација и во вашиот живот ќе донесе голема страст. Дали новото лице во вашиот живот ќе биде вистинско или не, тоа ќе го покаже само времето. В понеделник и вторник, со Месечина во конјукција, би требале да слушнете убави вести, пред се на работното поле. Среќни денови се и петок и сабота.

Рак – Планетата на љубовта ви го врти грбот

За жал, оваа недела, Венера не ви е наклонета. Моментите поминати со партнерот ќе бидат тензични, а можно е и да почнете да размислувате дали е вистинскиот за вас. Обидете се да не го загубите трпението. За среќа, Месечината ќе биде во добра поставеност па ќе ви донесе и пријатни мигови на сентиментално поле, особено во среќните денови среда и четврток, кога ќе влезе во вашиот знак. Тогаш, искористете ги до максиму овие денови за изгладување на проблемите со саканото лице.

Лав – Број еден!

Оваа недела може да сметате на конјукцијата од Меркур, но и на одлично поставената Венера, поточно на одличните комуникации, особено на работното место, како и на среќата на љубовен план. Љубовта би требала да ви цвета во овој период, а доколку започнете врска, тоа нема да биде само обичен флерт. Суперсреќни денови, кога се што е најубаво може да ви се случи, се петок и сабота. На работното место ќе продолжат да пристигнуваат пофалби и потврди – ќе бидете број 1.

Девица – Месечина во конјукција

Во текот на оваа недела, за жал, Венера нема да биде повеќе во вашиот знак. Сепак, во претходните недели ви даваше огромна поддршка, а вие успеавте да изградите стабилни емотивни односи. Веројатно, сега се чувствувате сигурни во себе и вљубени. Најсреќен ден ќе биде недела, кога прекрасната Месечина ќе биде во конјукција и ќе ви подари огромни емоции. Малку нервозни пак, ќе бидете во понеделник и вторник.

Вага – Триумф на љубовта

Оваа недела за вас официјално започнува летото на љубовта! Венера веќе влезе во конјукција – и ќе ви донесе преслатка недела полна со задоволства, мигови во кои страста и чувствата ќе бидат главни протагонисти. Оние кои се сеуште сами, можат да се подготват за романтични денови! Убави вести ќе пристигнат и на работен план, со убава поставеност на Меркур, кој треба да ви подари убави вести и изненадувања, особено во понеделник и вторник.

Шкорпија – Вооружајте се со трпение

За жал, оваа недела ја губите поддршката од Венера и може да минувате низ тензични моменти со партнерот. И на работното место може да се случат недоразбирања со претпоставените и колегите. Ако работите почнат да ви изгледаат многу блокирани, не преземајте ништо, туку чекајте го септември. Месечината ќе биде убаво поставена во среда, па искористете го тој посреќен ден за разговори со партнерот.

Стрелец – Убави вести!

Прекрасни вести за Стрелците пристигнуваат оваа недела. Конечно, планетата Венера ви ја праќа силната поддршка и сите љубовни маки од последниот период ќе бидат надминати и заборавени. Малку треба само да ја смирите нервозата во не толку среќните денови понеделник и вторник, кога Месечината ќе биде во опозиција, а потоа се ќе биде како од соништата. Убави вести доаѓаат во петок и сабота.

Јарец – Љубовни сомнежи…

За жал, оваа недела планетата на љубовта Венера ќе ви го заврти грбот. Со партнерот ќе се разгорат дискусиите, особено во нервозните денови среда и четврток, кога ќе имате и неповолна поставеност на Месечината. Смирете ги страстите и не „палете“ се на секој збор, туку обидете се да се преиспитате дали навистина сте вљубени, дали врската е значајна и што сакате од љубовта.

Водолија – Венера се враќа да ви се насмевне

Конечно, убава вест за Водолиите кои во изминатиот период беа многу анксиозни поради тоа што Меркур беше во опозиција. Оваа недела Венра ќе ви даде силна поддршка, пред се на сентиментално поле, а работите ќе почнат да се развиваат на се подобро. „Црн“ ден на работното место ќе биде петок, затоа избегнувајте дискусии со претпоставените и колегите.

Риби – Се враќа спокојството

Конечно, почнувајќи од оваа недела, планетата Венера нема веќе да биде во опозиција. Во последно време навистина вашето срце страдаше, но сега полека ќе успеете да си ја вратите загубената самодеверба и спокојството. Среќни денови во неделата се среда и четврток, кога и дијалогот со партнерот ќе биде многу лесен. Сепак, внимавајте на малку нервозниот ден – недела.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...