Неделен хороскоп (10-16 септември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Девица

Оваа недела планетата Венера ќе влезе во знакот на Шкорпија, носејќи многу љубов на сите водни знаци, но и по некое проблемче за Биковите, Водолиите и Лавот. Марс пак, ќе биде во знакот на Водолија, носејќи сила и енергија на сите воздушни знаци. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот 10 септември – 16 септември, 2018.

Овен – Сила и енергија

Тргнувајќи од оваа недела, конечно, нема да ја имате планетата на љубовта во опозиција, што значи дека ќе почувствувате олеснување на љубовен план. Дури и Марс, вашата планета, ќе ви даде помош, носејќи ви многу сила и енергија. Внимавајте само на деновите кога Месечината ќе биде во опозиција – вторник и среда, кога може да почувствувате слабост или замор.

Бик – Љубовни проблемчиња

За жал, оваа недела Венера ќе влезе во опозиција на вашиот знак, со тоа за вас почнува период кој ќе биде тежок на емотивен план, кој дури може да ја стави во прашање вашата врска. За среќа, на ваша страна ќе застане Меркур, подготвен да ве поддржи на работен план и да ви донесе убави изненадувања. Најсреќен ден – понеделник. Потешки денови – четврток и петок.

Близнаци – Марс доаѓа да ви помогне

За жал, продолжува периодот на опозиција на Меркур, планетата на комуникации, што ќе ви донесе нови блокади на работен план и ќе ги отежне вашите деловни контакти. Но, за среќа, Марс ви доаѓа на помош, а особено среќен ден е понеделник кога ќе бидете полни со енергија и подготвени за нов предизвик. Среќни денови за љубов се вторник и среда. Внимавајте на крајот на неделата, може да се појави тензија со партнерот.

Рак – Ви се враќа спокојството

Конечно, Венера веќе не е неповолна за вас, и се враќа да ви се насмее, носејќи и ви нежни зборови и страст на сентиментално поле. Ќе се чувствувате многу подобро дури и од аспект на здравјето, благодарение на крајот на опозицијата на Марс, што ќе ви помогне повторно да бидете полни со енергија. Убави вести ве чекаат на работно поле. Среќни денови – четврток и петок.

Лав – Марс во опозиција

Драги Лавови, за жал, оваа недела Венера ви го врти грбот, па ќе осетите проблеми на љубовен план. Внимавајте да не бидете многу импулсивни кон вашиот партнер, може да кажете работи за кои ќе зажалите! Марс исто така е во опозиција, па ќе се чувствувате уморни, а често и нервозни. Избегнувајте да преземате сериозни работни обврски во деновите кога и Месечината е неповолна – четврток и петок.

Девица – Недела за паметење!

Почетокот на септември продолжува да биде незаборавен за вас. На одлично поставениот Меркур, сега се придружува и убавата Венера, па убави прилики и вести постојано ќе доаѓаат, и на работен и на емотивен план. Понеелник ќе биде суперсреќен ден, со Месечина во конјукција. Викендот пак, може да ви донесе некоја неочекувана работа.

Вага – Во топ форма

Вагите оваа недела ќе „пукаат“ од енергија и ќе бидат подготвени да одговорат на секој предизвик, благодарение на силата од Марс. Токму оваа планета, се враќа да ви даде поддршка, и ќе ви подари топ физичка форма. Вторник и среда може да сметате на супер поддршката од Месечината во конјукција, па љубовта ќе ви оди од рака. Преубав е и крајот на неделата, односно – викендот ќе биде за вас полн со романтика и страст.

Шкорпија – Големи вести

Драги Шкорпии, пред вас се големи вести – планетата Венера конечно влегува во вашиот знак, подготвена да ти подари месец полн со љубов и страст! Следните недели ќе бидат полни со убави емоции, а осамените Шкорпии ќе станат големи заводници! И на работен план на повидок се убави вести, особено во среќните денови четврток и петок. Единствено, би можеле да чувствувате замор поради лошата поставеност на Марс.

Стрелец – Среќен викенд!

Меркур во неповолна позиција нема да ги подобри вашите комуникации, особено професионалните. Вооружете се затоа со трпение и обидете се д избегнувате конфликти, особено во нервозниот ден – понеделник, кога и Месечината ќе биде неповолна за вас. Вторник или среда, може да слушнете пријатна вест. Суперсреќен е викендот – сабота и недела, со Месечината во вашиот знак, што ќе ги направи овие два дена незаборавни!

Јарец – Љубовта се враќа!

Конечно, планетата Венера се враќа да ви се насмевне. Тешкотиите на сентиментален план кој ги чувствувавте во последно време, сега се далечно минато. Ќе ви се врати спокојството благодарение на една посебна личност, а тоа може да биде вашиот партнер или сосема нова личност во вашиот живот. Убави вести ве чекаат и на работен план, особено во деновите четврток и петок. Мали препреки пак, може да се случат во вторник или среда.

Водолија – Напнатост во врската

Ако сте во врска, оваа недела секако ќе ви донесе напнатост и тензии. Венера е неповолна, па нема да ви помага во дијалогот со партнерот, а може да се чувствувате и разочарани. Од друга страна, Марс влегува во конјукција со вашиот знак, веќе од понеделник, дарувајќи ве со голема сила и енергија која ќе ви помогне да ја поминете секоја препрека на патот. Најсреќни денови – вторник и среда, нервозни денови – четврток и петок.

Риби – Меркур во опозиција…

За жал, Меркур е во опозиција оваа недела и продолжува да ви прави проблеми на работното место – релациите со претпоставените и колегите не се лесно подносливи. За среќа, барем на љубовен план ќе имате недела полна со убави изненадувања. Венера се враќа за да ве поддржи, носејќи ви голема страст со партнерот. Понеделник е тензичен ден со Месечината во опозиција, додека среќни денови се четврток и петок.

x

Check Also

Неделен хороскоп (5ти – 11ти ноември): Топ знаци на неделата Стрелец, Вага и Лав

Оваа неделат планетата Јупитер го напушта знакот Шкорпија и влегува во Стрелец, ...