НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (10. до 16. август): Нови можности за Лавовите, незаборавни денови за Раковите, среќни средби за Девиците

Оваа недела планетата Меркур ќе заблеска во знакот на Лав, подготвена да им даде многу нови можности на сите огнени знаци! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас какви планови имаат ѕвездите за вас оваа недела!

Овен: решавање на проблемите со вашиот партнер!
Овие врели августовски денови ве прават повеќе немирни од кога и да е, а вашиот партнер ја плаќа цената. Венера неповолна, заедно со Марс во конјукција, носат расправии и долги дискусии. Обрнете особено внимание на деновите сабота и недела, кога исто така ќе имате нервозна Месечина. Добри вести и интересни состаноци, сепак, очекувајте во четврток и петок.

Бик: месечина во конјукција!

Вашата недела не би можела да започне подобро од оваа: Месечината ќе биде во конјукција со вашиот знак во понеделник, вторник и среда, носејќи ви среќа и спокојство, особено во однос на областа на чувствата. Прекрасната Венера е подготвена да ја осветли вашата недела и да ја наполни со емоции и чукање на срцето. Единствено планетата Меркур, која може да ви донесе одредена дискусија на работното место.

Близнаци: кралеви на забавата!
Драги Близнаци, вие сте некој кој секогаш знае да се забавува и сигурно не ви недостасуваат вештини за дружење, но особено оваа недела ќе станете вистински кралеви на забавите. Меркур и Марс во поволна позиција ќе ве направат поенергични и порасположени од кога било, носејќи ви нови средби, флертувања и пријателства. Особено четврток и петок, кога Месечината исто така ќе биде во конјукција, ве чекаат добри вести и моменти за запомнување!

Рак: незаборавни денови!
Драги Ракчиња, влезот на Венера во вашиот знак почнува да се чувствува: љубовта ви се насмевнува, подготвена да ви даде летни вечери полни со прекрасни емоции и многу романса. Особено сабота и недела, кога исто така ќе ја имате Месечината во конјукција, ќе бидат два незаборавни денови! Марс е во неповолна позиција и продолжува да ве прави да се чувствувате уморни и под стрес… обидете се да посветите повеќе време на себе!

Лав: многу новости!
Планетата Меркур влезе во вашиот знак, и е подготвена – оваа недела – да ви ги донесе првите придобивки: ве очекуваат возбудливи средби, новости и нови можности, особено во четврток и петок, кога имате и убава среќна Месечина од ваша страна. Меѓу понеделник, вторник и среда, сепак, се очекува малку лошо расположение, поради Месечината во неповолна позиција за вашиот знак …

Девица: среќни средби!
Драги Девици, конечно планетата Венера е повторно на ваша страна: сентименталната криза од последниот период наскоро ќе биде само далечно сеќавање и ќе можете да започнете одново, пред сè од себе. Осамените  ќе имаат среќни средби, поддржани од романтичната Месечина во сабота и недела. Дури и на работното место ќе има големи задоволства.

Вага: Месечината се грижи за вас!

Во овој период акумулирате многу стрес, главно заради Марс во опозиција и лошото влијание од на Јупитер и Сатурн, што ги попречуваат вашите планови во областа на работата. Сега Венера исто така започнува да ве мачи со мали, но и поголеми расправии со партнерот… обидете се да не изгубите трпеливост и да се фокусирате во четврток и петок, кога една убава поволна Месечина ќе ви помогне да ги згаснете тензиите.

Шкорпија: стресни денови 
Вашата недела – за жал – започнува со три прилично стресни денови: понеделник, вторник и среда, кога Месечината во опозиција веројатно ќе ве натера да ја изгубите трпеливоста лесно и да ви донесе малку повеќе лошо расположение. Неколку мали пречки може да се појават особено на работното место, додека од сентиментална гледна точка ќе имате убава Венера поволна за да ве заштити и да ви даде позитивни вибрации.

Стрелец: смиреност по невремето 
Драги Стрелци, овој месец август – за вашиот знак – ќе донесе смиреност по невремето: Венера во опозиција во последните месеци го вознемири вашиот љубовен живот, а сега, кога конечно престана да ве мачи, следува време за враќање на енергијата и спокојството во вашиот љубовен живот.  За среќа, можете да сметате на поволните Марс и Меркур, кои ќе ви дадат многу енергија и можности да остварите нови средби.

Јарец: Проблеми со партнерот
Венера во опозиција почнува да се чувствува, за жал: оваа недела ризикува да биде особено напната, особено во сабота и недела, кога Месечината исто така ќе биде во опозиција. Со партнерот може да се појават жестоки дискусии. Сепак, на работното место: особено првиот дел од неделата, ќе пристигне големо задоволство.

Водолија: мисли за работата
Аако не сте меѓу среќните кои ќе можете да замете малку одмор во овој период, ризикувате да бидете потиштени од работните грижи, генерално, за вашите проекти: не грижете се, од септември ситуацијата ќе биде повторно поволна за вашиот знак! Во меѓувреме, обрнете особено внимание на малку напнатите денови – понеделник, вторник и среда. Среќни месечеви денови се: четврток и петок.

Риби: одлично закрепнување!
Драги Риби, Венера конечно се врати да се насмевне за вашиот знак – ова ќе значи вистинско закрепнување на енергијата, за 360 степени! Понеделник, вторник и среда, кога ќе имате убава Месечина од ваша страна, ќе бидат денови полни со емоции. Понатаму, меѓу сабота и недела, планирани се интересни состаноци за оние кои се „сингл“.

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (од 21 до 27 септември): Жешка недела за огнените знаци!

Оваа недела продолжува транзитот на Венера во знакот Лав, што ќе им ...