Неделен хороскоп (10ти до 16ти јуни): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Со Венера во знакот на Близнаци, ова ќе биде жешка недела за Близнаците и сите воздушни знаци. Љубовта нема д аим оди од рака на Стрелците, Девиците и Рибите…А вие, во кој знак сте родени? прочитајте го неделниот хороскоп.

Овен – Поволна Венера

Оваа седмица може да сметате на поддршката од Венера која ќе ви подари многу емоции и многу страст. Особено викендот ќе биде во знакот на љубовта, кога на убавата Венера ќе и се приклучи и Месечината – носејќи романтични и незаборавни моменти. На работа нема да недостигаат важни прилики, но и одговорност – внимавајте само на вторник и среда кога може да се соочите со пречка на работа.

Бик – Воздржете се од кавги

Вашата недела започнува „на големо“ со прекрасна Месечина подготвена да ви подари се што ви треба. Некое прашање кое долго време ве мачело сега ќе биде позитивно одговорено. Но, не баш толку среќни ќе бидат деновите четрвток и петок, кога ќе почувствувате замор и лошо расположение, а можни се и несогласувања со партнерот. Воздржете се од кавги.

Близнаци – Прекрасна седмица

Конечно пристигнаа вашите пет минути! Венера и Меркур се во конјукција и тоа ќе направи оваа недела да биде исклучителна за вас, но и неделата која следува. Очекувајте важни средби, предодредени долго да траат. На љубовен план, розите ќе цветаа, партнерот ќе има разбирање и ќе ве поддржува на секој чекор, додека осамените Близнаци треба да ги држат очите отворени и почесто да излегуваат – судбинската љубов е зад аголот.

Рак – Бидете подготвени

2019 година не е посебно среќна за Раковите. Но бидете подготвени, зашто во следниов период вашата енергија ќе се обновува , а расположението полека ќе ви се враќа. Деновите понеделник, четврток и петок се среќни за вас, искористете ги до максимум. Избегнувајте дискусии со партнерот во вторник и во среда зашто ризикувате да си ја расипете врската…

Лав – Во љубовта се враќа спокојството

Конечно, Венера се враќа да застане на ваша страна. Со поддршка на планетата на љубовта, оваа седмица ќе добиете убави одговори на некои важни прашања, а спокојството меѓу вас и партнерот ќе се врати. И на работен план на повидок се убави вести – особено во деновите вторник и среда. Внимавајте на неповолните денови – четврток и петок.

Девица – Работите тргнуваат на подобро

Драги Девици, за жал, оваа недела ќе мора да се соочите со неповолното влијание на Венера и Меркур кои и понатаму ви создаваат неволји на љубовен и деловен план. Но веќе кон самиот крај на неделата, небото станува почисто за вас, а работите полека но сигурно ќе тргнат кон подобрување. Имајте трпение. До тогаш, смирувајте ги тензичните моменти со партнерот и спуштете го гласот во разговорот со колегите и претпоставените.

Вага – Ах, каква недела!

Оваа недела ќе биде суперсреќна за вашиот знак. Подгответе се за два посебни дена, кога прекрасната Месечина ќе биде во конјукција -вторник и среда! И на работен план пристигнуваат убави вести. Во љубовта – ќе уживате во романтичните мигови со саканото лице. И што повеќе може да посакате? Викендот ќе биде полн со страст, а осамените Ваги ги очекуваат возбудливи средби.

Шкорпија – Враќање на расположението

Конечно оваа недела ќе ви се врати спокојството кое во последниов период беше ставено на долга проба со двојната опозиција на Венера и на Меркур. Сега, вашата енергија се обновува и работите тргнуваат во позитивна насока. Проблемите, еден по еден, волшебно ќе почнат да се разрешуваат. Четврток и петок се суперсреќни денови за вас.

Стрелец – Не баш среќен период

Драги Стрелци, иако 2019 година е многу среќна година за вас, тешките моменти од годината се токму во овој период па ќе мора да ги пребродите. Не очајувајте, оваа седмица нема да биде по ваш вкус, но загубените битки не значат и губитник од „војната“. На крајот, победата ви е загарантирана од ѕвездите. За сега, ќе мора да се борите со опозицијата на Венера која ќе прави хаос во љубовниот живот, и опозицијата на Меркур кој ќе ви става пречки на работното место.

Јарец – Марс во опозиција

Иако оваа седмица ќе ги добиете плодовите од тоа што макотрпно го садевте на работното место, нема посебно да им се израдувате, а тоа се должи на значителниот пад на енергијата и расположението. Опозицијата на Марс ќе направи да се чувствувате заморни и без волја за нови проекти. Сепак, може да сметате на поддршката од Месечината во убавите денови четврток и петок.

Водолија – Отворете ги очите!

Конечно мир во вашиот емотивен живот. Венера се враќа на ваша страна да ве заштити и поддржи, тензиите со саканите ќе бидат минато, а поволниот Меркур е подготвен да отвори нови љубовни приказни, особено за осамените Водолии. Држете ги очите отворени за да не пропуштите некое важно лице и прилика, особено на крајот на неделата! На работа би требало да пристигнат убави новости во вторник или среда.

Риби – Неповолна Венера

Драги Рипчиња, оваа недела, за жал, неповолната Венера ќе ја преиспитува вашата врска – можни се несогласувања и кавги со партнерот, па ѕвездите ве советуваат да се воздржите. Особено внимавајте на понеделник кој како ден ќе биде тежок. И на работа очекувајте задоцнувања на проектите. Среќни денови во неделата ќе бидат четврток и петок, па искористете ги до максимум на сите полиња.

x

Check Also

Новата колекција на Nasty Gal и Емили Ратајковски е секси и фенси

Моделот и глумица Емили Ратајковски, покрај убавото тело, е позната и по ...