НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (11. до 17. мај): Топ знаци на неделата Близнаци, Овен и Водолија

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот на Бик за да влезе во знакот на Близнаци: добра вест на хоризонтот за воздушните знаци! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви рeзервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: неодоливи!
Оваа недела влегувањето на Меркур во знакот на Близнаци ќе ви даде дополнителни вештини: оваа планета е подготвена да ве охрабри во меѓучовечките односи, особено на работното место. Во среда и четврток веројатно ќе добиете добри вести! Дури и на полето на чувствата ве чекаат многу задоволства: Венера продолжува да биде на ваша страна и да ве прави особено неодолива.

Бик: убаво закрепнување!

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти вашиот знак за да се пресели во знакот на Близнаци. Во понеделник, сепак, сè уште можете да го искористите неговото корисно влијание за да реализирате важен договор за работа. Почнувајќи од четврток, се очекува добро закрепнување на физичко и психолошко ниво, благодарение на планетата Марс која ќе се врати да ви се насмевне. Среќа ви носи Месечината во текот на целиот викенд!

Близнаци: добредојде, Меркур!
Драги Близнаци, дали сте подготвени да го пречекате Меркур во вашиот знак? Почнувајќи од вторник, планетата на комуникација ќе почне да работи во ваша полза, а со тоа што ќе се приближи до планетата Венера, ќе предизвика и убави чувства на љубовен план. Доаѓаат убави изненадувања и во однос на работата и во љубовта. Нови можности наскоро ќе затропаат на вашата врата. Среќни денови: среда и четврток.

Рак: нова енергија!
Вашата недела започнува со два прилично тешки денови, со Месечината во опозиција: не бидете меланхолични, почнувајќи од среда сè ќе биде подобро! Четврток се очекува поволен премин на планетата Марс, што ќе ви донесе нова енергија и голема желба да направите големи работи. Понатаму, помеѓу петок и недела, убавата среќна Месечина ќе биде подготвена да ве охрабри на ниво на чувства и да ви донесе многу убави емоции.

Лав: полесни!
За вашиот знак доаѓаат одлични вести! По прилично стресен период заради спротивставувањето со Сатурн и со она на Марс, барем оваа, последната планета, ќе престане да ве става под притисок: почнувајќи од четврток ќе се чувствувате многу полесни! Дури и планетата Меркур, почнувајќи од вторник, ќе престане да ве обесправува и ќе започне да дејствува во ваша корист: добра вест пристигнува на деловен план!

Девица: Марс во опозиција 
Драги Девици, за жал оваа недела планетата Марс ќе се спротивстави на вашиот знак: почнувајќи од четврток може да почувствувате малку повеќе умор, и физички и психички. Покрај тоа, неповолната планета Меркур би можела да ви донесе некои грижи на работното место… Сепак, не грижете се премногу: Јупитер е на ваша страна во текот на 2020 година и ќе гарантира долгорочен успех.

Вага: одлична вест!
Драги Ваги, ви доаѓаат одлични вести: почнувајќи од вторник, планетата Меркур ќе стане поволна за вашиот знак, давајќи ви нови можности, особено на работното место. Во среда и четврток, исто така благодарение на наклоноста на Сатурн, можеби ќе го добиете повикот што го чекавте или ќе чуете некоја добра вест. На планот на чувствата – небото е поволно, со убава Венера на ваша страна.

Шкорпија: смиреноста се враќа!
Оваа недела – конечно – ќе можете да закрепнете и да добиете одредена ведрина. Почнувајќи од вторник, планетата Меркур повеќе нема да биде во спротивност со вашиот знак: на работа, оние ситуации кои неодамна создадоа поголема грижа за вас, конечно ќе можете да ги решите. Почнувајќи од четврток, планетата Марс, исто така, ќе започне да ве фаворизира, давајќи ви многу сила и енергија.

Стрелец: Меркур во опозиција
За жал оваа недела планетата Меркур ќе се доближи до планетата Венера – и двете во опозиција со вашиот знак. Почнувајќи од вторник, може да има забавување на проектите на работното место или може да се појави тензија меѓу вас и претпоставените или колегите. Викендот ќе биде особено нервозен во однос на чувствата: бидете внимателни колку што е можно, за да не избувнете!

Јарец: Месечината ви носи романтика
Вашата недела започнува со одлични два дена кога Месечината ќе работи за вас: добрата вест може да дојде во понеделник и вторник! Понатаму, почнувајќи од четврток, планетата Марс ќе се врати да ве фаворизира, давајќи ви многу повеќе енергија. Јупитер продолжува да работи за вас, подготвувајќи ви одлични резултати за работата што ве чека во втората половина на годината … Во меѓувреме, уживајте во убав викенд полн со чувства!

Водолија: небото е со вас!
Драги Водолии, планетите се повторно на ваша страна и оваа недела! На поволните Венера и Сатурн сега им се придружува и Меркур – почнувајќи од вторник – и сите се подготвени да ви донесат нови контакти и можности кои не се за пропуштање, што можат да се покажат како многу важни за вашата иднина. Обложувајте сè во супер-среќните денови – среда и четврток, кога исто така ќе ја имате Месечината со вас!

Риба: тензии со партнерот
Драги Риби, добри вести и лоши вести ве чекаат оваа недела. Да започнеме со лошото: почнувајќи од вторник, планетата Меркур ќе стане неповолна за вашиот знак, што доведува до забавувања и потешкотии на работното место. Добрата вест е дека – почнувајќи од четврток – планетата Марс ќе почне да работи за вас, подготвена да ви даде многу енергија, здравје и психофизичка сила.

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...