Неделен хороскоп (11 до 17 ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија и Вага

Оваа седмица Месечината ќе им се насмевне на Раковите подготвена да им подари крај на неделата полн со среќа! Во љубовта среќа ќе имаат Стрелците и Овните, додека во работа најголема поддршка од ѕвездите ќе имаат Шкорпиите. А, вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 11 до 17 ноември, 2019.

Овен – Каков стрес

Во овој стресен период ќе почувствувате голем замор на деловен план. За среќа, на љубовен план ќе ви оди многу подобро. Венера е со вас која ќе ви подари многу задоволства со саканото лице. Среќни денови се среда, четврток и петок, додека сабота и недела може да бидете нервозни.

Бик – Месечина во конјукција

Вашата седмица ќе почне со два прекрасни дена кога Месечината ќе биде во конјукција – понеделник и вторник. Во овие денови треба да пристигне прекрасна вест или потврда на работното место. Сепак, не станува збор за лесен период на деловен план – односите со некои од соработниците може да станат тензични поради опозицијата на Меркур. Барајте дијалог наместо конфликт, особено во првиот дел на неделата.

Близнаци – Соочете се со проблемот

Драги Близнаци, опозицијата на Венера продолжува да ви создава проблеми во сентименталниот живот, па нема да бидете сигурни дали покрај вас е вистинската личност. Пристигна моментот кога мора да расчистите во главата – да ја прекинете врската или да го прифатите партнерот таков каков што е. Најдобри денови за расчистување на мислите во главата ќе бидат среда, четврток и петок.

Рак – Тука е прекрасната Месечина

Иако мислите дека минувате низ криза и низ транзиција во вашиот живот, не очајувајте – оваа недела со вас е прекрасната Месечина која ќе ви го подигне моралот. Во понеделник и вторник би требала да пристигне прекрасна вест, додека на самиот крај на неделата ќе почувствувате тешки емоции. Марс не е поволен, па затоа ќе се чувствувате многу уморни. Викендов посветете го на релаксација.

Лав – Ах, романтика

Ова за вас ќе биде недела на голема среќа во љубовниот живот. Може да сметате на поддршката на прекрасната Венера која е подготвена да ви ги реши сите проблеми и да ви донесе спокојство во врската. Проблемче може да се појави единствено на работното место, особено во понеделник или вторник.

Девица – Кавги и дискусии

Љубовта во овој период може да ви создава маки – вие имате чиста и јасна идеа, но дали истата ја има и партнерот? Од среда до петок воздржете се од објаснувања, дискусии и кавги, зашто Месечината нема да биде на ваша страна. Среќа пак, ќе имате на деловен план, особено во понеделник и вторник.

Вага – Период на голема сила

Продолжува за вас периодот на голема енергија и сила – Марс прави да бидете незапирливи. Немате страв да се зафатите за ниеден предизвик, ни на сентиментално поле, ни на работа. И Венера е на ваша страна и ќе ви подари многу емоции. Внимавајте само на викендот кога Месечината е неповолна и може да ви донесе тензии и нервози.

Шкорпија – На големо!

Најпосле работете тргнаа по ваш вкус! Меркур е во вашиот знак и ќе ви подари се што посакувате на деловен план. И средбите се фаворизирани. Држете ги очите отврени, многу интересна личност сака да ве запознае, а таа средба може да биде фатална. Единствена „грешка“ на неделата ќе биде опозицијата на Месечината во понеделник и вторник кога може да се чувствувате малку нервозни.

Стрелец – Привлечни како магнет

Венера во конјукција ќе ви подари уште една недела полна со љубов и незаборавни моменти. Ќе бидете опиени од убавината на животот, привлечни како магнет и сите ќе сакаат да бидат во ваша близина. Искористете го првиот дел од неделата за поголеми потфати, вториот дел ќе бидете малку уморени. Викендот ви носи романтични моменти.

Јарец – Малку трпение

Уште една недела во која ќе мора да ги стиснете забите, а потоа Марс конечно ќе ја промени лошата позиција. Па така и во следниве денови ќе чувствувате замор и нема да имате волја да преземете нешто псоериозно. Но, размислувајте деа пред вас доаѓа период на големи успеси! Внимавајте на деновите „не“ – сабота и недела.

Водолија – Една многу посебна средба

Драги Водолии, ако на работа не ви оди како што сакате, подобро е да консултирате некоја личност, а таа нема да ја најдете на работното место, туку надвор. Надвор ве чека една личност која не само што ќе ви даде совет туку може да ви го промени и целиот ваш живот. Сеуште не сте ја запознале? Држете ги очите отворени особено во среда. Внимавајте на деновите „не“ – понеделник и вторник.

Риби – Подобро мислете на работата

Венера ви создава и понатаму проблеми на љубовен план, треба да го начекате вистинскиот миг за да поразговарате со партнерот со мирен тон. Но подобро е наместо да размислувате за љубовните проблеми да се посветите сосема на работата. Меркур е многу позитивен и ќе ви подари многу убави можности ако ги држите очите отворени! Среќни денови се понеделник и вторник. Денови „не“ – среда и четврток.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...