Неделен хороскоп (11ти до 17-ти март): Топ знаци на неделата – Овен и Риби

Оваа недела планетата Меркур го напушта знакот на Риби и влегува во Овен, предвидени се убави денови за сите огнени знаци, а пречки за Јарците, Вагите и Раковите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за периодот од 11ти до 17ти март 2019.

Овен – Добредојде Меркур

Оваа недела е во знакот на влегувањето на Меркур во Овен! Почнувајќи од среда за вас почнува период на голем професионален успех, а на тој пат нема да недостигаат бројни нови прилики. Убави вести пристигнуваат во деновите среда и четврток, кога и Месечината е во одлична поставеност. Венера пак, од своја страна ви ветува многу среќа и на емотивен план.

Бик – Барајте дијалог

Вашата недела започнува со два суперсреќни дена со прекрасна Месечина во конјукција. Затоа, убави вести може да очекувате во понеделник и вторник и тоа на работен план. Помалку среќа, за жал, ќе имате на емотивен план…Венера, планетата на љубовта, е неповолна и може да предизвика кавги во семејството. Барајте разговор со партнерот наместо да ја зголемувате тензичноста.
Близнаци – Се подобро!
Оваа недела конечно планетата Меркур ќе престане да ви создава неприлики на работен план. Почнувајќи од среда, сите блокади и недоразбирања волшебно ќе исчезнат и пред вас ќе се отвори период богат со професионални успеси. На љубовен план, може да сметате на два среќни дена – среда и четврток кога Месечината ќе застане на ваша страна и ќе ве „огрее“.
Рак – Месечина во конјукција
Оваа недела за вас ќе биде во знакот на позитивната Месечина особено во деновите петок и сабота кога среќата ќе биде на ваша страна! Меркур останува позитивен за вашиот знак се до среда – затоа гледајте да ги разрешите сите работи на деловен план до средината на неделата зашто подоцна може да имате проблеми и блокади.
Лав – Убави вести
Конечно убава вест за вашиот знак, бидејќи во последниот период не слушавте многу добри вести – почнувајќи од среда може да сметате на поддршката на Меркур кој особено ќе ви помага во деловната атмосфера. Венера пак, за жал, продолжува да биде во опозиција креирајќи ви љубовни макички со партнерот. Среќен ден е недела кога Месечината ќе застане на ваша страна и ќе ви донесе убави емоции.
Девица – За се има решение
Во последно време се соочувавте со опозицијата на планетата Меркур, која ви создаваше бројни пречки и недоразбирања на деловен план, па ви се чинеше дека не можете да го најдете излезот и решението. Но конечно, почнувајќи од среда, се ќе стане многу полесно – и одеднаш ќе видите дека за се имало решение! Особено среќни ќе бидат деновите петок и сабота.
Вага – Меркур во опозиција
За жал, почнувајќи од среда, планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак. Во следниве недели ќе се соочувате со блокади и недоразбирања на работен план, затоа вооружете се добро со трпение и не влегувајте во конфликти. Бидете внимателни, исто така, и во односите со членовите на вашето семејство, зашто и на ова поле се предвидени кавги. За среќа, тука е Венера која ќе ви донесе среќа на љубовен план. Осамените Ваги имаат можности за нова љубов!
Шкорпија – Тежок почеток…
Драги Шкорпии, вашата недела започнува со два прилично тешки денови, кога Месечината е во опозиција. Затоа обидете се да избегнувате провокации, зашто може да настане лоша ситуација! Венера е исто така неповолна, па ќе создава тензии на љубовен план, предвидени се тензии со партнерот. За среќа, во деновите петок и сабота убавата Месечина ќе застане на ваша страна и ќе ви ја врати насмевката.
Стрелец – Напред кон успехот!
Конечно оваа недела Меркур ќе престане да ви создава проблеми, особено на деловен план и ќе застане на ваша страна. Тоа ќе го почувствувате од среда, понатаму следуваат денови на деловни успеси! Не заборавајте дека воопшто оваа 2019 година е година на победи за вас! Сепак, внимавајте на четврток кога негативната Месечина може да ви донесе неправди или лошо расположение.
Јарец – Не се нервирајте!
За жал, оваа недела планетата Меркур ви го врти грбот. Додека во изминатиот период на работното место се ви одеше од рака, сега, почнувајќи од среда, ќе се соочите со повеќе нерпијатни ситуации и блокади при реализирање на проектите. Особено внимавајте на петок, кој е прилично тежок ден! И на љубовен план нема да цутат рози, па затоа обидете се да не се нервирате и да се стрпите до подобар период кој следува.
Водолија – Да живее љубовта!
Венера продолжува да биде во конјукција со вашиот знак, а тоа значи дека на љубовен план се ќе се одвива баш како што сакате и замислувате! Се уште сте осамени? Ако е така, отворете ги очите особено во вториот дел од неделата- љубовта веќе ве повикува! Почнувајќи од среда, благодарение на поволниот Меркур, ќе слушнете прекрасни вести и на работен план! Внимавајте само на денот недела, кога Месечината во неповолна опозиција ќе ви создаде некоја непријатност.
Риби – Убави вести на почетокот на неделата
Драги Риби, оваа недела може да сметате на супер-среќните денови понеделник и вторник, кога ќе ја имате планетата Меркур во конјукција со вашиот знак. Предвидени се многу важни средби, унапредувања или финансиски потврди. Внимавајте на малку нервозните денови среда и четверток, кога Меркур ќе се префрли во знакот на Овен. Викендот е среќен кога станува збор за љубовта.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон со венче од Zara кое чини помалку од 20 евра

Војвотката од Кембриџ се појави на свечениот концерт во Ројал Алберт Хол ...