Неделен хороскоп (11ти до 17ти февруари): Топ знаци на неделата – Близнаци, Девица и Риби

Оваа недела Марс влегува во знакот на Бик, носејќи им енергија на Вагите, Ракчињата и Јарците. Љубовта ќе биде фаворизирана кај сите земјени знаци. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 11ти до 17ти февруари 2019.

Овен – Многу енергија

Оваа недела за вас ќе бид еполна со енергичност и ќе бидете подготвени се да преземете во ваши раце. Марс во конјукција со вашиот знак ќе остане се до четврток, а поддршка ќе имате и од Меркур кој ќе ви ги отвара деловните врати. Особено успешни денови ќе бидат среда и четврток. Но, внимавајте на самиот крај на неделата – неповолни се и Месечината и Венера, па лесно ќе ви донесат недоразбирања и кавги на љубовен план.

Бик – Добредојде Марс!

Подготвени сте да го поздравите влезот на Марс во вашиот знак? Почнувајќи од четврток оваа планета ќе ви подари голема енергија и сила да се изборите за тоа што го сакате. Ако на работното место треба да поминете некоја блокада, особено во релацијата со претпоставените, направете го тоа сега. Ве очекуваат големи задоволства на финансиски план! Венера пак, е неповолна, па ќе ви донесе нестабилност во чувствата и разнишување на љубовните врски.
Близнаци – Број еден!
Драги Близнаци, оваа недела ќе бидете главен фаворит на ѕвездите! Може да сметате и на поддршката од Марс, како и од Меркур, кои ќе ви донесат нови деловни можности, ќе ви отворат врати за успешни проекти и промоција на работното место. Најсреќни денови ќе бидат среда и четврток, кога Месечината ќе биде во конјукција со вашиот знак, носејќи ви убави вести и на емотивно поле.
Рак – Проблеми во врската
Драги Ракчиња, за жал, и оваа недела Венера ќе биде во опозиција креирајќи ви нови недоразбирања со саканото лице. Пробајте да откриете дали се работи за проблем кој е интерен и кој се однесува на вас, или пак, дали станува збор за надворешни влијанија. Среќната околност е што Месечината ќе ви се насмевне во петок и сабота, па дел од недоразбирањата ќе ги разрешите. На деловен план не очекувајте ништо ново ни големо.
Лав – Нервозни денови
Продолжуваат тензични и нервозни денови за вас, драги Лавчиња. Меркур е во опозиција, па ќе ви донесе блокади на деловен план и конфликти со колегите. Обидете се да ја контролирате вашата желба за доминантност, и намалете ја тврдоглавоста. Ѕвездите советуваат овој период да го поминете во давање предност на компромисите! За среќа, на љубовен план може да сметате на прекрасната Месечина за време на викендот која ќе ви донесе моменти на рекласација (со партнерот) и романтика.
Девица – Каква убава недела!
Драги девици, за вас оваа недела ќе започне „на големо“ со прекрасна Месечина, а особено среќен ден ќе биде вторник! Во вторник очекувајте убави вести. И Венера е на ваша страна и ќе ви подари спокојство во сентименталниот живот. Од четврток може да сметате и на поддршката од Марс кој ќе ве награди со многу енергија и убаво расположение. Малку нервозен ден може да биде единствено четврток.
Вага – Обновување на енергијата
Конечно оваа недела може да му кажете збогум на Марс, кој до сега беше во лоша поставеност, земејаќи ви ја целата енергија и правејќи ве уморни. Од среда може да очекувате прекрасна новост на работа! На љубовен план, пак, за жал, нема да ви цветаат рози – можни се тензии во врската кои ќе ескалираат за време на викендот.
Шкорпија – Марс во опозиција
Драги Шкорпии, преубавите денови за вас завршија, сега ќе почувствувате замор, а тоа се должи на планетата Марс која ќе влезе во опозиција. Нема да имате волја за да преземете ништо! Нема да недостигаат и пречки особено на работното место, бидејќи и планетата Меркур ќе биде неповолна за вас. Најтешки денови ќе бидат од понеделник до петок, кога и Месечината е лошо поставена. Подобро ќе се чувствувате за викендот.
Стрелец – Љубовни проблемчиња
Драги Стрелци, оваа недела треба да посветите повеќе внимание на нервозните денови среда и четврток, кога Месечината ќе ви создава лошо расположение и ќе ви носи непријатни ситуации особено на сентиментално поле. За среќа, ќе го имате Меркур на ваша страна кој секогаш ќе наоѓа излез. Интересни средби можни се на крајот на неделата – отворете ги очите (ако не сте во врска!), зашто би требал да пристигне вашиот момент.
Јарец – Убави вести!
Оние кои се во пар ќе имаат недела полна со љубов и разбирање, додека пред осамените Јарци е период кога треба да запознаат многу драга личност. Но, убавите вести не завршуваат тука – од четврток, планетата Марс веќе нема да ви ја одзема енергијата, па веднаш ќе почувствувате сила за да ги реализирате проектите. Ќе се чувствувате во топ форма! Внимавајте само на сабота, кога неповолната Месечина може да ви создаде нервозни ситуации.
Водолија – Промени на повидок
Драги Водолии, во овој период сигурно нема да ви недостигаат нови прилики – промените се зад аголот, и нека не ве плашат! Авантурист, каков што сте вие, треба да ги собере „ во лет“ сите убави промени кои му се нудат, а од нив ќе имате колку што сакате. И на љубовен план нема да недостигаат убави луѓе околу вас и нови средби кои ќе ви донесат големи емоции! Најдобри денови во неделата се среда и четврток. Не толку убав ден ќе биде недела, кога ќе ви „падне“ расположението.
Риби – Многу позитивност!
Драги Рипчиња, за вас продолжува периодот на убава смиреност особено на полето на чувствата. Од четврток пак, планетата Марс ќе застане на ваша страна и ќе ви подари волја и енергија да ги истуркате сите замислени проекти. А поволна ќе биде и планетата на љубовта, Венера, која ќе ве награди со прекрасни романтични моменти. Од понеделник до среда очекувајте убави вести кои ќе ви ги донесе преубавата Месечина! Внимавајте само на малку нервозниот четврток.

x

Check Also

Иднината на модата е одржлива Crafting the future Athens

Фондацијата „Onasis Stegi“ во соработка со „British Council“ организираше дводневна програма во културниот ...