Неделен хороскоп (12. до 18.април): Спокојство за Раковите, стрес за Стрелците, љубов за Биковите и Рибите

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот на Овен за да влезе во знакот на Бик: љубовта ќе им се насмевне на сите земјени знаци!  А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: новости пристигнуваат наскоро!
До среда можете да сметате на Венера во вашиот знак, што ќе ви овозможи почеток на недела полна со љубов и страст. Понатаму, благодарение на планетата Меркур, ќе има добри вести и од областа на работата. Понеделник ќе биде супер среќен ден благодарение на Месечината што сјае во вашиот знак. Нервозен ден, пак, е недела, во која може да се појави некаква дискусија во семејството.

Бик: добредојде, Венера!
Дали сте подготвени да ја пречекате Венера во вашиот знак? Почнувајќи од среда, планетата на љубовта ќе свети за вас,  подготвена да ви донесе многу убави новости од областа на чувствата. Понатаму, во вторник и среда, Месечината ќе застане на ваша страна: тие ќе бидат два супер-среќни дена и многу, многу страствени! Внимание, сепак, во контекст на работата, каде може да се појави одредено забавување.

Близнаци: толку многу сила!
Уште една недела со голема сила и енергија за вашиот знак, кој може да смета на помош на Марс: оваа планета ќе ви даде енергија и „за продажба“! Понатаму, меѓу четврток и петок, Месечината исто така ќе биде со вас: тие ќе бидат два супер-среќни денови, исполнети со нови можности. Меркур ги фаворизира меѓучовечките односи и контактите. Корисното влијание на Венера до среда ви дава среќа во љубовта.

Рак: спокојна љубов 
Оваа недела – почнувајќи од среда – конечно ќе можете да најдете некакво спокојство во сентименталното поле: планетата Венера, откако во последните неколку недели ве ставаше на тест, ќе се врати да дејствува во ваша корист, давајќи ви денови полни со љубов и страст! Посебен ден ќе биде недела кога срцето забрзано ќе ви чука. Убава недела и на работното место.

Лав: сметајте на Меркур!
За жал оваа недела планетата Венера ќе ви го сврти грбот. Почнувајќи од среда, всушност, веќе нема да можете да сметате на нејзината поддршка и може да се појави уште некоја напнатост во вашиот живот. Од друга страна, во областа на работата, ќе ве фаворизира прекрасниот Меркур, подготвен да ви даде нови можности или нови контакти. Денови на лоша Месечина се: вторник и среда кои ќе бидат полни со нервоза.

Девица: спремни за љубов?
Оваа недела планетата на љубовта повторно ќе ви се насмевне! Почнувајќи од среда, Венера ќе биде на ваша страна, подготвена да ви даде многу емоции. Марс во неповолна позиција, може да направи да се чувствувате малку повеќе уморни од вообичаено, особено на работа. Денови „да“: вторник и среда. Безгрижни денови: четврток и петок.

Вага: воздишка на олеснување!
Подготвени сте да земете длабока воздишка? Конечно оваа недела Венера веќе нема да биде во спротивност со вашиот знак! Почнувајќи од среда, планетата на љубовта ќе престане да ви создава маки вовашиот љубовен живот и, малку по малку, ќе можете да го пронајдете спокојството со партнеро, што го заслужувате. Деновите четврток, петок и сабота ќе бидат особено спокојни и среќни, со прекрасна Месечина.

Шкорпија: Венера во опозиција
За жал оваа недела Венера ќе дојде во спротивност со вашиот знак. Почнувајќи од среда, планетата на љубовта ќе ве стави на уште неколку тестови и вас, и вашата врска, па ќе се соочите со  уште неколку кавги, дури и впаровите кои се во најдобри односи. Обрнете внимание и на спротивставувањето на Месечината во вторник и среда, кога може да се чувствувате особено под стрес и уморни. Враќање на енергијата за време на викендот.

Стрелец: каков стрес!
Оваа недела ризикува да биде сè уште тешка за вашиот знак, кој покрај спротивставувањето на Марс, ќе треба да го издржи и оној на Месечината во четврток, петок и сабота. Beќе имате доволно стрес и нервоза, но на крајот сепак ќе можете да ги постигнете своите цели. Областа на работа, особено, ќе биде фаворизирана од прекрасен Меркур и од Јупитер во поволен аспект.

Јарец: Венера се враќа на ваша страна!
Оваа недела конечно планетата на љубовта ќе се врати да дејствува во ваша корист! Ако во последните неколку недели вашата сентиментална ситуација беше прилично конфузна или премногу се расправавте со вашиот партнер, почнувајќи од среда ќе можете да најдете ведрина во вашиот живот како двојка. Некои проблеми, за жал, ќе продолжат да ве мачат на работното место. Недела е ден за релаксација.

Водолија: тензии со партнерот 
Почнувајќи од среда, планетата Венера ќе престане да ве фаворизира и ќе ви го сврти грбот: во следните неколку недели може да се појави уште некоја напнатост со вашиот партнер или да се појави намалување на страста. На работа, сепак, вие продолжувате да бидете меѓу омилените во зодијакот, со Меркур и Јупитер на ваша страна, подготвени да ви донесат успех во секој потфат. Релаксирани денови: вторник и среда.

Риби: Венера ви се насмевнува!
Почнувајќи од среда планетата Венера ќе се врати да ви се насмевне! За вас започнува многу среќно време кога станува збор за чувствата. Неделата ќе биде особено романтична и страсна, со прекрасна Месечина на ваша страна. На работа, пак, се очекува малку дополнителен замор поради неповолната позиција на Марс. Денови на нервозна Месечина: четврток и петок.

x

Check Also

Неделен хороскоп (5. до 11. април): Најсреќни ќе бидат Овните и Водолиите, тешка недела за Вагите и Девиците

Оваа недела планетата Меркур и планетата Венера ќе светнат во знакот на ...