Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во Риби – сите водни знаци ќе се чувствуваат посилни и полни со енергија. Во љубовта продолжуваат главни протагонисти да бидат Вагите, додека на работа никому подобро нема да му оди од Стрелците! Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот 12 ноември до 18ти ноемви.

Овен – Подготевни сте за борба?

Оваа недела ќе биде во знакот на борбата и тоа секој ден – со вашиот партнер војната е отворена и немате намера да ги смирите нервозите кои си ги создавате. Сепак, бидете многу внимателни на тоа што го зборувате, да не дојдете во ризик засекогаш да го загубите партнерот. На работа пристигнуваат добри вести во средината на неделата. Среда и четврток ќе бидат два дена многу среќни за деловни средби.

Бик – Во исчекување

Драги Бикчиња, пред вас е недела на големо исчекување. Од четврток планетата Марс ќе престане да биде неповолна за вас, и повторно ќе почнете да се смеете. Ќе си ја вратите енергијата и доброто расположение, но и одличната физичка и здравствена форма. Крајот на неделата е во знакот на емоциите – прекрасната Месечина ќе свети за вас, затоа искористете го викендот за романтика. Некои мали проблеми се можни на работното место од вторник до четврток.

Близнаци – Продолжете така

Ќе имате голема желба и сила да им се спротиставите на сите препреки по секоја цена – но не грижете се премногу за задоцнетите реализирање на плановите, зашто Меркур е во опозиција и ви прави задоцнувања. Продолжете со напорите и секоја кочница ќе биде одблокирана, порано или малку подоцна. Во љубовта ѕвездите ви се насмевнуваат и ви носат многу убави моменти, додека кај осамените ќе се појави нова љубов, затоа нека си ги отворат очите!

Рак – Месечина во опозиција

Венера продолжува да биде неповолна и оваа недела па станува збор за период прилично тежок за чувствата – кавгите со партнерот ќе станат секојдневие, и не секогаш тој/таа ќе успее да ве разбере. Особено внимавајте на понеделник кога и Месечината е во опозиција па ќе ви донесе дополнителни нервози и нагласена раздразливост. Сметајте пак, на викендот кога ќе ви се врати спокојството.

Лав – Каква енергија!

Драги Лавчиња, ѕвездите ви се насмевнуваат! А на ваша страна се и Меркур и Венера, подготвени да ви ги исполнат желбите и на работен и на љубовен план. Од четрток пак, Марс нема да биде во опозиција па ќе се чувствувате многу поенергични, смирени и полни со сила да се соочите со секој предизвик. Единствен недостаток на неделата е Месечината во опозиција која може да ви донесе мала нервоза во четврток.

Девица – Марс во опозиција

За жал, оваа недела Марс ќе биде во опозиција на вашиот знак што значи дека ќе ви недостига енергија и добро расположение да ги истурката плановите. Заморот кој ќе го чувствувате ќе ви донесе проблеми и на работа, поради голема неефикасност во извршување на работните задачи. Особено внимавајте на петок, кога и Месечината е во опозиција па ќе ви создава дополнителни нервози. И викендот може да биде нервозен – внимавајте да не му „истурите“ се на партнерот зашто и чувствата ќе бидат на „климави нозе“.

Вага – Доаѓа љубовта!

Ја најдовте ли веќе големата љубов? Не сеуште? Тогаш знајте дека треба да биде многу блиску до вас. Во среда и четврток имате можност за судбинска средба и за големи емоции. Отворете ги очите! На работното место пак, доаѓа преубава вест, веројатно во централниот дел на неделата. Викендот ќе биде целиот во знакот на чувствата и уживањето.

Шкорпија – Подготвени сте за нова победа?

Драги Шкорпии, почнувајќи од четврток планетата Марс нема веќе да биде во опозиција, туку ќе застане на ваша страна. Така, ќе започне за вас еден нов период на закрепнување (физичко и психичко) во кој конечно ќе си ја вратите полната енергија и ќе бидете повторно подготвени за нови победи. Најсреќни денови ќе бидат понеделник, сабота и недела. Неповолни денови се вторник и среда.

Стрелец – Големи новости!

Драги Стрелци, во овој период секоја пропуштена шанса ќе биде вистинска штета – ќе имате бројни можности, особено за оние кои бараат нов почеток, пред вас се среќни средби, па дури и нова работа. Меркур ќе ги фаворизира вашите деловни контакти но и одличната комуникација со околината, семејството и партнерот. Во четврток, очекувајте ги првите позитивни резултати. Внимавајте само на крајот на неделата, поточно на викендот, во кој една нервозна Месечина може да ви создаде тензии со партнерот.

Јарец – Неповолна Венера

Вашата недела ќе започне со еден преубав ден – понеделник, всушност, ќе имате прекрасна Месечина во конјукција која е подготвена да ви подари убави изненадувања! Централниот дел од неделата пак, за жал, ќе биде тензичен, особено на емотивен план – неповолната Венера ќе ви ја комплицира врската со партнерот, а можни се и кавги и недоразбирања. За среќа, викендот ви се враќа емотивното спокојство.

Водолија – Каква прекрасна недела!

Драги Водолии, пред вас е недела полна со неверојатни вести. На ваша страна се и венра и Меркур, кои ќе бидат исклучително дарежливи и на љубовен и на деловен план. Доколку сте во врска, ќе уживате со партнерот, а доколку не сте – куп можности за нови средби! И на работен план може да очекувате пофалби и признанија, па дури и унапредување. И Месечината е во конјукција со вашиот знак, па несебично ќе ви подари чувства кои нема да ги заборавите.

Риби – Добредојде Марс!

Почнувајќи од четврток, планетата Марс влегува во вашиот знак – се подготвува за вас еден период полн со енергија и сила, во кој секако, нема да недостига по некоја пречка, но ќе имате сила лесно се да поминете! Петок, сабота и недела прекрасната Месечина во конјукција силно ќе свети за вас носејќи ви преубави чувства. Викендот е полн со силни емоции! Многумина Рипчиња ќе си ја најдат сродната душа…

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...