Неделен хороскоп (13-ти до 19-ти август): Топ знаци на неделата – Близнаци и Лав

Оваа недела планетата Марс се враќа во знакот Јарец и носи сила и енергија за сите земјени знаци, но и на Шкорпиите и Рибите. Во љубовта, најсреќни ќе бидат Вагите, а по нив Близнаците и Водолиите. Љубовни проблеми пак, ќе имаат Овновите и Раковите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвиле ѕвездите за периодот од 13 до 19-ти август.

Овен – проблематични денови

Мора да имате многу трпение оваа недела, зашто пред вас се тензични денови. Венера во опозиција ќе ја направи комплицирана вашата љубов или врска, а лесно ќе биде да избувнувате во кавги со партнерот, особено во најпроблематичните денови – вторник и среда кога и Месечината ќе биде во опозиција! Обидете се да останете мирни колку што е можно, да не влегувате во дискусии барем до крајот на неделата. Убав ден ќе биде недела.

Бик – пречки на работното место

Оваа недела за вас ќе биде прилично тешка, освен ако не сте на годишен одмор! Четврток и петок, со Месечината во опозиција и неповолен Меркур, ќе направат да се чувствувате нервозно. На работното место ве чекаат пречки, односно цела недела ќе биде со безброј недоразбирања на деловен план. Искористете го најповолниот ден од неделата – понеделник, кога Месечината ќе биде убаво поставена и ќе ви даде поддршка на емотивно поле.

Близнаци – колку емоции!

Пред вас е една исклучителна недела! И планетата на љубовта, Венера, како и Меркур ви ја даваат целата поддршка, па ќе бидете обожавани во секое друштво и магнет за спортивниот пол. На работното место нема да недостигаат убави изненадувања, додека на емоционален план – многу силни емоции, особено во среќните денови – вторник и среда. Единствен проблематичен ден ќе биде недела, кога Месечината е во опозиција, па може да ве направи нервозни.

Рак – неповолен Марс

За жал, оваа недела, за вас нема да биде многу поволна. Марс ви го врти грбот и влегува во опозиција, што значи дека ќе се чувствувате без енергија, исцрпени и незадоволни. И Венера ве става на проба, правејќи тензии во вашата врска. Најдобри денови во неделата ќе бидат петок и сабота, а најлоши – вторник и среда. Обидете се во лошите денови да останете смирени и да не предизвикувате кавги ни со партнерот ни со колегите на работното место.

Лав – одлична недела!

За Лавовите оваа недела ќе биде во знакот на големо обновување на енергијата – Марс повеќе не е во опозиција и благодарение на тоа ќе почувствувате дека волјата и енергичноста ви се вратиле. Меркур во знакот продолжува да ви подарува интересни денови кои се полни со контакти и средби, но и задоволства на работното место, додека поволната Венера ќе ја фаворизира вашата врска и убавите односи со партнерот. Што повеќе би сакале? Најсреќни денови се вторник и среда.

Девица – среќна Месечина

Вашата недела ќе започне со еден прекрасен ден. Во понеделник Месечината ќе биде во конјукција со вашиот знак и ќе ви донесе голема среќа на емотивно поле. Среќни денови ќе бидат и четврток, петок и сабота. Планетата Марс исто така е многу поволно поставена и ќе ви донесе енергија и чувство на задоволство и исполнетост. И љубовниот живот оваа недела ќе ви блеска. Обидете се само да не го провоцирате партнерот во недела, бидејќи е прилично нервозен ден за вас.

Вага – силни емоции

Со Венера во знакот за вас ќе започне вистинско љубовно лето. Ќе бидете толку привлечни што како магнет ќе ги привлекувате претставниците на спортивниот пол. Доколку не сте во врска – сега ќе можете да избирате! Најсреќни денови во неделата ќе бидат вторник и среда, кога Месечината во вашиот знак ќе ви подари силни емоции. И Меркур е позитивен за вас, па ќе ви донесе убави вести на работното место, како и богат социјален живот. Забавувајте се!

Шкорпија – Марс се врати да ви се насмевне

Конечно, оваа недела Марс зазема убава позиција, што значи дека ќе ви се врати енергијата и желбата да направите нешто. Но, Меркур е неповолен и ќе ви прави проблеми на работното место, но и пречки во семејните односи. Сметајте на убавите денови – четврток, петок и сабота, кога Месечината ќе биде во конјукција и ќе ви подари силни емоции и многу среќа со која ќе ги надминете сите проблеми од минатото на емотивен план.

Стрелец – среќни средби

Освен понеделникот, кој ќе биде прилично нервозен ден за вас, сите други денови од неделата ќе бидат облеани со среќа! На ваша страна се и Венера и Меркур, па нема да ви недостигаат интересни средби, нови познанства и можности за нови врски. На работното место, исто така, работите се поволни, а може да очекувате и убави вести. Осамените Стрелци можат да сметаат на денот недела како најсреќен за започнување на убава емотивна приказна.

Јарец – добредојде Марс!

Марс ќе ве награди со голема енергија оваа недела, па ќе се чувствувате исполнети и полни со елан. И навистина ќе ви биде потребна оваа подршка од Марс, за полесно да ги надминете љубовните проблеми кои ги креира Венера, од својата неповолна поставеност. Најпроблематични денови на љубовно поле ќе бидат вторник и среда, кога навистина треба да внимавате што зборувате и правите! Викендот пак, ќе биде порелаксиран и подобар од работната недела.

Водолија – Да живее љубовта!

Оваа недела, за вас ќе биде цела во знакот на чувствата и љубовта – Венера е многу поволна и ви ја дава целата поддршка, па на љубовен план се ќе ви оди од рака. Осамените Водолии можат да сметаат на нова љубовна приказна. Денови со најсилни емоции ќе бидат вторник, среда и недела. И додека љубовта ви цвета, на работното место ќе се соочувате со пречки и проблеми, поради неповолниот Меркур. Особено нервозни денови на работа се четврток и петок, па внимавајте!

Риби – враќање на енергијата!

Конечно, добрата поставеност на Марс ќе направи да ви се врати енергијата, која толку ви недостигаше во изминатиот период кога се чувствувавте исцрпени, особено на љубовно поле. Врските кои преживеале, сега ќе можат да уживаат во убави моменти и да ја најдат слогата и разбирањето. Единствено понеделникот ќе биде потежок ден, зашто Месечината е во опозиција, па гледајте да не влегувате во дискусии, додека позитивни денови ќе бидат четврток, петок и сабота кога насмевката на лицето ќе ви се врати!

x

Check Also

Сараево Филм Фестивал и Atlantic Grupa:  „Сите ние сме од истиот филм“

Сараево Филм Фестивалот и Atlantic Grupa уште еднаш со заеднички сили покажаа ...