Неделен хороскоп (13ти до 19ти мај): Топ знаци на неделата -Бик, Јарец и Девица

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур го напуштаат знакот Овен и влегуваат во знакот Бик. Биковите ќе имаат најмногу среќа од сите хороскопски знаци, но среќни ќе бидат и сите земјени знаци. Проблемчиња пак, ги чекаат кутрите Шкорпии и Лавови. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 13ти до 19ти мај 2019.

Овен – Пад на енергијата

За жал, оваа недела и Венера и Меркур го напуштаат вашиот знак, затоа искористете ги до максимум понеделник и вторник за да систематизирате се што треба на работното место и да дискутирате со партнерот. Почнувајќи од среда може да очекувате пад на енергијата и расположението кое се должи на неповолната позиција на Марс. Почестете се со козметички третман, сауна, кратко патување…релаксирајте се за викендот.

Бик – Одлични вести

Прекрасни вести пристигнуваат за вас! Оваа седмица почнува за вас супер-поволниот период на сите полиња. Во среда Венера влегува во вашиот знак носејќи ви новости на сентиментален план, а од четврток во вашиот знак ќе престојува и Меркур носејќи ви успеси на деловен план. Очекувајте на работа одлични контакти и финансиско подобрување на ситуацијата. Дури и Марс е на ваша страна па ќе блескате од енергија и добро расположение.

Близнаци – Среќни денови

Првиот дел од неделата ќе биде подобар од вториот. Венера ќе остане да ве поддржува се до среда, подарувајќи ви прекрасни емоции на сентиментален план. Вторник и среда всушност ќе бидат два прекрасни дена кога ќе имате многу среќа на сите полиња, па искористете ги сите можности кои се пред вас! Внимавајте на недела кога Месечината е лошо поставени и може да предизвика кавги и нервози.

Рак – Марс во знакот

Драги Ракчиња, конечно оваа седмица ѕвездите се враќаат да ви се насмевнат! По долгиот мачен период на емотивен план, од среда Венера повторно е поволна и ќе ги фаворизира сите настани на љубовно поле. Кавгите со партнерот ќе станат заборавено минато. И на работен план ве очекува важно напредување, особено во четврток, кога конјукцијата на Марс ќе направи да се чувствувате поенергични и посилни од било кога.

Лав – Со вас е Месечината

За жал, оваа седмица и Венера и Меркур нема да бидат на ваша страна, па почнувајќи од среда можни се недоразбирања со семејството и партнерот, како и блокади на работното место. Внимавајте на работа особено во четврток и петок, кога може да бидете наместени или излажани. Сметајте на добро расположение во понеделник, вторник и среда – па искористете ги овие денови, Месечината е со вас!

Девица – Незаборавен крај на неделата

Драги Девици, конечно оваа седмица Марс ќе застане на ваша страна носејќи ви огромна енергија и супер расположение. И Венера и Меркур се враќаат кај вас да ве заштитат и поддржат, па очекувајте нагли позитивни промени на сите полиња. Подгответе се за еден незаборавен викенд, исполнет со романтика и љубов! На работа пак, во следниов период треба да добиете убави вести или некој одговор кој долго го очекувате.

Вага – Конечно ослеснување

Конечно оваа седмица може да кажете збогум на лошата поставеност на Меркур и Венера кои во последно време ви создаваа бројни неволји на деловен и емотивен план. Почнувајќи од четврток, се ќе стане полесно – на работа одеднаш ќе почнат да се отвораат нови можности, додека на љубовно поле – пред вас се интересни средби. Ако сте во врска, бидете сигурни дека мирот и разбирањето се вратени. Само Марс ќе биде неповолен па можно е да се чувствувате уморни.

Шкорпија – Планетите во опозиција

За жал, нема убави вести за вас драги Шкорпии за оваа седмица. И планетата Венера, како и Меркур, влегуваат во опозиција! Тоа значи дека пред вас е период на блокади и проблеми и на работен и на љубовен план, па подгответе се да се соочите и да се изборите со нив на поспокоен начин. За среќа, Марс почнувајќи од четврток застанува на ваша страна и ќе ве награди со многу сила, добро здравје и енергија!

Стрелец – Посилни од било-кога!

Оваа недела, конечно, планетата Марс нема веќе да биде во лоша поставеност за вашиот знак. Почнувајќи од четврток одеднаш ќе добиете огромна сила и енергија. Среда и четврток ќе бидат два суперсреќни дена, па искористете ги пред се на работен план за да ги истуркате вашите проекти. Супер-романтични ќе бидат сабота и недела.

Јарец – Добри вести

Добри вести на повидок за вашиот знак. Оваа седмица и Венера и Меркур се враќаат да ви се насмевнат. Почнувајќи од среда сентименталните проблеми кои ги имавте во последниот период ќе станат минато, а со саканото лице повторно ќе најдете разбирање. Подобрување очекувајте и на работното место, почнувајќи од четврток – Меркур ќе застане на ваша страна и ќе ви отвори нови деловни можности. Внимавајте само на заморот предизвикан од лошата поставеност на Марс.

Водолија – Нервозни денови

За жал, драги Водолии, оваа седмица и Венера и Меркур ви го вртат грбот – почнувајќи од среда можни се кавги со партнерот и воопшто недоразбирање во релациите. Петок и сабота ќе бидат посебно тешки денови бидејќи неповолна е за вас и Месечината, па внимавајте да не претерате со реакциите! Подобар ќе биде денот недела. Ако имате некој проект на работното место подобро да го завршите во првиот дел од неделата.

Риби – Се подобро!

Вашата недела ќе започне со тежок понеделник, со Месечината во опозиција. Но не плашете се, почнувајќи од среда ситуацијата целосно ќе се промени и ѕвездите се вртат на ваша страна! Венера, Меркур и Марс ќе се вратат да ви се насмевнат и да ве наградат – гарантирајќи ви период на смиреност и среќа, и на работен и на љубовен план. Не ви преостанува друго освен да се стрпите уште некој ден…

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...