Неделен хороскоп (14. до 20. јуни): Овните со проблеми во врската, за Биковите тензии на работа, многу енергија за Лавовите!

Оваа недела планетата Венера ќе престојува во знакот на Рак, а ќе донесе уште малку болка во љубовта на кутрите Јарци, но и на вагите и Овните. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: проблеми во врската 
Драги Овни, во неделата пред нас ќе имате среќа што се однесува до работата, но малку вознемирени ќе бидете во однос на љубовта. Венера во неповолна положба ги вади на површина сите оние проблеми во вашиот живот што досега ги игнориравте. Особено внимание посветете на деновите петок и сабота, кога Месечината во опозиција ќе го направи конфликтот со партнерот уште потежок.

Бик: тензии на работа 
Венера е на ваша страна и е подготвена е да ви подари одлично разбирањ со партнерот, страст и цврстина на врската. Ако неодамна сте во врска со некој, ќе можете заедно да ги поставите темелите на иднината. Помалку среќа, сепак, ќе имате во областа на работа: Марс и Јупитер во неповолна положба ги забавуваат вашите проекти и ризикуваат да ви донесат голем стрес. Искористете ги среќните денови на Месечината – среда и четврток.

Близнаци: убави изненадувања на патот!
Во овој период спојот на планетата Меркур ви помага во меѓучовечките односи, имате фаворизирање – особено на работното место – како и нови контакти и нови можности. Среќната Месечина во понеделник, вторник, петок и сабота може да ви донесе неочекувани изненадувања. Во вторник и среда, сепак, може да се чувствувате малку нерасположени и да разговарате потензично со партнерот.

Рак: љубовта е во воздухот!
Продолжува периодот на голема сила во смисла на чувствата за вас, благодарение на прекрасната Венера која е во вашиот знак. Љубовта ви се насмевнува: слободните ќе можат да запознаат некој посебен, додека паровите ќе се чувствуваат повеќе за вљубени од кога било! Среда и четврток ќе бидат особено среќни денови, со прекрасна Месечина на небото. Неповолни денови се петок и сабота.

Лав: многу енергија!
Вашата недела не може да започне подобро од ова! Понеделник и вторник можете да сметате на убава месечина што ќе ви донесе многу повеќе среќа. Дури и Марс, кој од неодамна е во вашиот знак, ќе го фаворизира вашиот личен раст, гарантирајќи ви голема нова енергија што треба да ја искористите, особено во контекст на врските, работата, но и за други работи. Од друга страна, недела е малку послаб ден.

Девица: среќна Месечина!
Драги Девици, оваа недела можете да сметате на два среќни дена, среда и четврток, кога Месечината ќе светне во вашиот знак. Венера во поволна позиција ќе го зголеми вашиот шарм и вашиот заводлив капацитет. Некои од вас би можеле да донесат важна одлука во врска со чувствата… Внимание, сепак, во областа на работата: неповолниот Меркур носи одредено забавување.

Вага: Месечината се грижи за вас!
Драги Ваги, не е лесно време за вашиот знак кога станува збор за чувствата. Венера во неповолна положба носи уште несогласувања во вашиот живот, во некои случаи, може да доведе до вистински расправии! Искористете ги деновите петок и сабота, кога убавата Месечина е вашиот знак и ќе го фаворизира дијалогот со вашиот партнер и ќе ви помогне да го решите секој конфликт.

Шкорпија: стрес на работа …
Оваа недела – за жал – нема да биде лесна што се однесува до работното опкружување. Вашите проекти ќе бидат принудени да забават и ќе се чувствувате особено уморни и под стрес. Особено понеделник и вторник ќе бидат тешки денови, со Месечината во неповолна положба. Супер-среќн ден, пак, е недела, кој ќе биде целосно задоволувачки што се однесува до чувствата.

Стрелец: Искористете два среќни дена!
Марс во поволна позиција ви дава предност: подготвени сте да се борите за да го добиете она што го сакате и ќе биде навистина тешко некој да ве запре! И покрај ова, може да наидете на некои препреки на вашиот пат, поради спротивставувањето на Меркур и Месечината во неповолна положба во среда и четврток. Искористете ги  најсреќните денови – петок и сабота.

Јарец: дали навистина е вистинскиот/та?
За жал оваа недела ќе ја почувствувате опозицијата на Венера која ќе ви донесе уште неколку љубовни болки… Особено во петок и сабота, може да се појават жестоки дискусии со вашиот партнер, благодарение на еднакво неповолната Месечина. Некои од вас можеби ќе почнат да ја преиспитате нивната врска и да се запрашаат дали нивниот партнер е навистина вистинската личност за нив.

Водолија: каков умор!
Оваа недела ќе започне на прилично стресен начин за вашиот знак, па ќе треба да ги издржите понеделник и вторник кога Месечината ќе биде во опозиција, на која ќе и се придружи и планетата Марс, исто така во опозиција. Ќе има бројни моменти на замор и обесхрабрување, но не грижете се: заштитени сте од Јупитер и Сатурн и можете да излезете само посилни од порано! Поволни денови: петок и сабота.

Риби: Венера се грижи за Вас!
Оваа недела може да наидете на уште некои непријатности на работното место, во кои ќе мора да се справите со немилоста на Меркур и, во среда и четврток, со Месечината во опозиција. За среќа, Венера ќе се погрижи за Вас, ќе ве расположи: планетата на љубовта е подготвена да ви донесе многу задоволства, особено за време на викендот, кога вашето небо ќе биде особено романтично!

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...