Неделен хороскоп (15ти до 21ви април) Топ знаци на неделата – Овен, Стрелец и Водолија

Оваа недела планетите Венера и Меркур влегуваат во знакот на Овен, па Овните ќе бидат суперсреќни на секое поле! Сите огнени знаци имаат можност да добијат убави вести и пријатни изненадувања, додека кутрите Ракчиња, Ваги и Шкорпии ќе имаат помалку среќа…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 15ти до 21ви април, 2019.

Овен – Доаѓа убав период

Големи вести за вашиот знак доаѓаат оваа недела! Во сабота и планетата Венера, како и Меркур влегуваат во вашиот знак носејќи ви еден многу позитивен и среќен период и на љубовно поле и во работна атмосфера. Подготвени сте за прекрасни вести? Чекајте ги од сабота…Единствено малку нервозни ќе бидат деновите среда и четврток кога Месечината е во опозиција. Стиснете ги забите зашто пред вас се многу убавини!

Бик – Не чекајте!
Драги Бикчиња, потрудете се да го искористите максимумот од конјукцијата на Меркур, планета која ќе биде во вашиот знак се до сабота. Ако имате некои понуди или проекти кои чекаат на вас, веднаш започнете ги и не чекајте – оваа недела ќе биде многу лесно да ги лансирате проектите и тие да се одвиваат одлично, особено во суперсреќните денови понеделник и вторник. Во љубовта, се ќе тргне на подобро!
Близнаци – Убави новости!
Драги Близнаци, убави новости се пред вас! Во последниот период планетата Венера ви создаваше љубовни маки, правејќи го вашиот сентиментален живот прилично комплициран. Но, почнувајќи од сабота, конечно, ситуацијата ќе се промени – планетата на љубовта ќе ви се насмевне и ќе работи за вашата смиреност и страст во врската. Внимавајте само на денот недела кога неповолната Месечина може да ве направи нервозни.
Рак – Стабилизирајте ги работите
За жал, почнувајќи до сабота и планетата на комуникациите – Меркур, и планетата на љубовта – Венера, че ви го завртат грбот. Затоа, во следните недели може да поминувате низ стресен период и на работен и на љубовен план, а што се однесува до врската може да минува низ силни турбуленции и преиспитувања проследени со бројни дискусии. Затоа, гледајте да го искористите позитивниот период до сабота за да ги стабилизирате работите и на деловен и на љубовен план, па следните потреси да не ви направат штета.
Лав – Во очекување
Драги Лавчиња, конечно оваа недела може да очекувате прекрасно изненадување. Почнувајќи од сабота, всушност, нема да треба да се борите со Меркур, планетата одговорна за вашиот социјален и професионален живот, која ви создаваше проблеми во последниот период, туку напротив – Меркур ќе биде на ваша страна! Убави случувања и на сентиментален план, од сабота па натаму – Венера доаѓа да ве поддржи и да ви донесе голема љубов, а оние кои имале проблеми во врската сега ќе бидат надминати.
Девица – Се враќа спокојството
Одлични вести доаѓаат за вашиот знак! Почнувајќи од сабота, нема веќе да ве мачи опозицијата на Венера. Ова значи дека конечно ќе завршат проблемите на љубовно поле, а во врската ќе се врати спокојство и разбирање. Ако сте осамени, ова е супер период за да најдете сродна душа! Понеделник и вторник ќе бидат два дена полни со изненадувања, со прекрасна Месечина во конјукција.
Вага – Меркур и Венера во опозиција…
За жал, драги Вагички, нема убави новости за вас…Почнувајќи од сабота, и планетата Меркур и планетата Венера влегуваат во опозиција! Ова значи дека во следните недели вашиот сентиментален живот како и деловниот ќе бидат поставени пред бројни пречки, но и пред важни одлуки. Не грижете се, треба да сфатите дека вашите животни избори се вистински за вас и тие ќе ве направат многу посилни.
Шкорпија – Ќе успеете!
Убави вести за вашиот знак се на повидок оваа недела. Почнувајќи од сабота, конечно, планетата Меркур нема веќе да ви создава пречки и неволји на деловен план. Блокадите и тешкотиите во остварување на целите кои ги имавте во последниов период, особено во односот со колегите и претпоставените, ќе најдат начин да бидат решени. Очекувајте преубави денови – петок и сабота, кога Месечината ќе сјае и ќе ви донесе романтика.
Стрелец – Да живее Венера!
Драги Стрелци, конечно планетата Венера ќе се врати кај вас за да ви донесе многу среќа и убави чувства. Во последниот период вашиот сентиментален живот беше изложен на тестови, а се случуваа и турбуленции, сега пак, се враќа спокојството и страстите кон вашиот партер, и обратно. Сметајте на денот недела кога и Месечината ќе застане на ваша страна и ќе ви донесе многу романтика! И на работен план на повидок се финансиски сатисфакции и награди.
Јарец – Разјаснете ги работите
Ако имате некое важно прашање кое треба да се реши – сега е вистинскиот момент тоа да го направите, почнувајќи од дискусија со партнерот до разјаснување на работите со претпоставените на работното место. Делувајте брзо, искористете го позитивниот период до 20-ти април, зашто ден потоа, нема да биде лесно, односно следуваат бројни недоразбирања. Посебно среќни денови во неделата ќе бидат понеделник и вторник, кога шансите да бидете правилно разбрани ќе бидат најголеми, искористете ги!

Водолија – На големо!

Одлични вести доаѓаат за вас – почнувајќи од сабота и Венера и Меркур ќе застанат на ваша страна и ќе бидат несебични кон вас. Ова значи дека конечно работните проблеми кои ве мачеа во изминатиот период ќе се решат на позитивен начин. И на љубовен план конечно ќе успеете да ги видите јасно работите и да сфатите дека вашиот партнер е навистина вистинската личност за вас.

Риби – Месечина во опозиција

Венера ќе остане во вашиот знак се до сабота, па затоа потрудете се да го донесете дотогаш во совршен ред вашиот емотивен живот. Од 20-ти април, па натаму, диалогот со партнерот нема да ви оди најдобро, а можни се и несогласувања. Внимавајте на деновите понеделник и вторник, кога Месечината ќе биде во опозиција и ќе ви создаде нервози – не дозволувајте да ве изнервираат непотребни работи и да ви падне расположението.

x

Check Also

Новиот Huawei P30 lite е врвен спој на нови трендови и убава естетика

Мода е збор кој најчесто е изговорен од страна на млади луѓе. ...