Неделен хороскоп (15ти до 21ви јули): Топ знаци на неделата Стрелец, Риби и Близнаци

Кутрите Јарци оваа недела ќе бидат притиснати од љубовни проблеми, а проблеми во љубовта ќе имаат и Овните и Вагите. Викенд полн со страст ги очекува Рипчињата, и сите водни знаци! А вие? Во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 15ти до 21ви јули, 2019.

Овен – Неповолна Венера

Драги Овни, поволната позиција на Меркур би требала да ви донесе новости на работното место. Среда, четврток и петок ќе бидат суперсреќни денови на деловен план, полни со средби и признанија. Но, ситни проблемчиња ќе се појават на сентиментален план. Венера продолжува да ви креира недоразбирања со саканите, па кавгите со партнерот може да станат секојдневие…

Бик – Желба за релаксација

Ќе почувствувате замор, а летните одмори сеуште ќе изгледаат како да се далеку од вас…Но, време е за релаксација. Недостаток на енергија и голем замор ќе почувствувате поради лошата поставеност на Марс, а и Меркур е неповолен, па ќе изгледа дека ништо не ви оди од рака. На сентиментален план, за среќа, со вас е убавата Венера и ќе ви носи романтични моменти.

Близнаци – Среќна недела

Ве очекува уште една среќна недела, пред се на работен план. Меркур е поволен и ви дава одлични комуникациски способности, искористете го позитивниот период на работното место за да го добиете тоа што најмногу го сакате. Среда, четврток и петок ќе бидат најсреќни денови за преземање на крупни деловни чекори, додека викендот ќе биде непредвидлив.

Рак – Најсакани!

Вашата седмица започнува со два нервозни дена, понеделник и вторник, лошата Месечина ќе направи ништо да не ви оди од рака, особено на работното место.Но почнувајќи од среда, ситуацијата значително ќе се промени – ќе бидете полни со енергија и пред вас се нови деловни потфати. Венера во конјукција пак, ќе ви гарантира љубов од сите страни, па буквално ќе се чувствувате најсакани на планетава.

Лав – На чекор пред успехот

За вас продолжува периодот на редење на успеси. Меркур во конјукција ќе ви донесе нови средби и нови можности кои не се за пропуштање. Марс е тука да ве награди со енергија и сила, ништо не пропуштајте! Внимавајте само на тврдоглавата Месечина во централниот дел од седмицата, од среда до петок, која може да ве направи нервозни на сентиментален план. Но, не грижете се, ѕвездите се на ваша страна.

Девица – Жешки денови

Драги Девици, љубовта ќе биде вистински протагонист оваа седмица за вашиот знак. На работен план, ќе почувствувате замор и заситеност, но на сентиментален план – ќе полетате! Пред вас се големи емотивни задоволства, а осамените Девици конечно ќе ја препознаат сродната душа. Внимавајте само на сабота и недела, малку се нервозни денови…

Вага – Среќни денови на работа

Во среда, четврток и петок, три планети ќе работат за вас – Марс, Меркур и Месечината, носејќи ви многу среќа но и голема енергија, особено на деловен план. Внимавајте само на почетокот на неделата, на понеделник и вторник, кои ќе бидат нервозни денови, па воздржете се од избувливост. Со партнерот, за жал, ситуацијата ќе биде тензична, Венера не е со вас, затоа не претерувајте во вашите барања.

Шкорпија – Меркур е неповолен

Оваа недела нема да може да го дадете вашиот максимум на деловен план. Меркур е неповолен и ќе ви создава пречки на секој чекор, внимавајте во комуникацијата со претпоставените. Подобро ќе биде кон крајот на неделата, особено на сентиментален план. Викендот е полн со страст и размена на силни емоции.

Стрелец – Нови средби

Благодарение на Меркур, пред вас е седмица полна со нови средби, нови лица и нови можности, а не се исклучени и нови љубовни врски. Сите релации кои ќе ги воспоставите во овој период, ќе се покажат за многу корисни во иднина, многу повеќе отколку што може да помислите…Марс е поволен и ќе ве награди со голема енергија и одлично расположение. Најсреќни денови се среда, четврток и петок, кога и прекрасната Месечина ќе биде со вас.

Јарец – Љубовни маки

Драги Јарци, издржете, стегнете ги забите уште малку. Опозицијата на Венера продолжува и ви создава дополнителни нервози на емотивен план и тензии со саканите. Но, запомнете дека од кризите може да излезете посилни од било-кога претходно! Понеделник и вторник ќе бидат среќни денови, благодарение на убавата Месечина, па сметајте на нив доколку сакате диалог на работното место или со партнерот.

Водолија – Не е се црно!

Марс во опозиција продолжува да ви ја исцрпува енергијата, ќе се чувствувате безволно и без желба нешто да промените. Можеби ви треба вистински одмор? Заминете на кратко патување, барем! И Меркур е неповолен, па нема да ви биде лесно на работното место. Може да сметате само на добрата Месечина која ќе ви донесе два среќни дена во седмицата – четврток и петок, кога ќе увидите дека не било се баш така црно.

Риби – Спокојство и љубов

Пред вас е седмица полна со мир и љубов, во која нема да недостасуваат и убави изненадувања. Во сабота и недела, благодарение на прекрасната Месечина, ќе доживеете неповторливи мигови и чувства. Венера е поволна и ќе ве награди со интензивна љубов. Осамените Риби ќе имаат бројни можности за почнување на врска, особено за викендот кој ќе биде во знак на страста.

x

Check Also

Инвестирај во своето знаење – студентски бенефити од Халкбанк за студирање во МБУ

Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, ...