Неделен хороскоп (15ти до 21ви јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Близнаци и Овен

Оваа недела Месечината ќе престојува три дена во знакот на Бик, несејќи им среќа на сите земјени знаци, а правејќи уште неколку компликации за Шкорпиите и Лавот. А, вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: позитивна енергија!
Вашата недела започнува со прекрасна месечина: пред сè, сентименталната сфера ќе блесне од оваа позитивна енергија. Венера е на ваша страна и ви дава големи заводливи способности. Оние кои веќе се во врска, ќе доживеат голема страст со партнерот, додека пред осамените се интересни средби. На работа, за жал, може да има одредено забавување, поради Јупитер и Меркур во неповолна позиција, подобро да не се преземаат премногу ризични чекори!

Бик: среќна недела!

Ова ќе биде навистина среќна недела за вашиот знак! Месечината ќе биде со вас во вторник, среда и четврток: ве чека добра вест, особено од гледна точка на работата. Во овој период го имате на своја страна не само Јупитер, туку и Марс и Меркур, подготвени да ви дадат нови и убави можности кои треба да ги искористите! Недела посветете се на семејството: ќе се чувствувате повеќе сакани од кога било.

Близнаци: возбудливи денови!
Драги Близнаци, вие сте еден од знаците бакнати од среќата во овој период! Венера во знакот ви дава сила и соучесник е во вашата романтична врска, додека Сатурн во Водолија ви носи одлична вест. Петок и сабота особено ќе бидат два дена полни со ентузијазам, благодарение на раскошната месечина. Неповолниот Марс би можел да ви донесе пад на енергијата, особено помеѓу вторник и четврток.

Рак: голема сила!
Уште една недела на голема сила за вашиот знак! Можете да сметате на прекрасниот Меркур што ќе ви донесе нови контакти и позитивни можности, особено на работното место. Поволниот Марс ве прави полни со сила и способност за донесување одлуки, додека раскошната месечина во знакот во недела ќе направи да доживеете убави емоции! Бидете претпазливи во понеделник, кога може да имате некаква неволја.

Лав: сè повеќе и повеќе љубов!
Венера во поволна позиција продолжува да и дава сила на вашата врска: вие и партнерот ќе бидете поконкретни од кога и да било! Осамените би можеле да направат интересни средби за време на викендот, особено во деновите бакнати од среќна месечина – петок и сабота. Неколку удари ве чекаат, сепак, на работното место: спротивставувањето на Сатурн ги забавува вашите планови, ќе биде подобро почнувајќи од месецот јули.

Девица: вжештени дискусии 
Не е лесно време за вашиот знак, особено од гледна точка на чувствата. Венера во Близнаци носи вжештени дискусии во вашиот живот: нема да биде лесно да се разберете со партнерот! Барајте дијалог колку што е можно, особено во вторник, среда и четврток, кога имате поволна месечина на ваша страна. Меѓутоа, во четврток и петок, можеби ќе се чувствувате малку уморни и во лошо расположение.

Вага: напнат понеделник 
Драги Ваги, вашата недела започнува со особено напнат ден: понеделник, со Месечина во опозиција која ќе направи да се чувствувате доста нерасположени и може да доведе до некои неуспеси. Од друга страна, деновите петок и сабота ќе бидат среќни, особено во однос на чувствата. Прекрасна Венера ја штити вашата врска и обезбедува сила и интензитет. За „сингловите“, чукање на срцето се очекува за викенд!

Шкорпија: нервозна недела 
Ова ќе биде особено нервозна недела за вашиот знак: ќе мора да ја поднесете спротивставената месечина во вторник, среда и четврток, што би можело да биде малку тешко. Но, не очајувајте, ќе биде подобро за време на викендот. Поволниот Марс ве прави енергични, но мора да бидете внимателни да не се лутите и да не влетувате во кавги!

Стрелец: проблеми со срцето
Драги Стрелци, ова за вас ќе биде прилично тешка недела, заради неповолната позиција на Марс и опозицијата на Венера. Конфликтите со партнерите веројатно ќе се загреваат. Обрнете особено внимание на деновите петок и сабота, кога Месечината исто така ќе биде во опозиција и може да почувствувате понатамошен пад на енергијата. Наместо тоа, фокусирајте се на понеделник, кога ќе добиете добри вести!

Јарец: одвојте време за себе!
Меркур во опозиција продолжува да создава блокади на работното место, но не грижете се! Јупитер – почнувајќи од втората половина на годината – како и Сатурн, ќе ви гарантираат успех што го заслужувате. Поволниот Марс ви дава сила и позитивност што ви треба за да ја надминете секоја пречка. Недела ќе биде нервозен ден, со месечината во опозиција: обидете се да си посветите време на себе!

Водолија: желба за промена
Сраста ве тера да живеете авантури што никогаш не сте ги замислиле! Револуционерниот Сатурн во вашиот знак ви дава нови можности и голема желба за промени. Помеѓу петок и сабота, прекрасната поволна месечина ќе ви донесе уште една силна емоција. Внимавајте во неповолните денови на месечината, во вторник, среда и четврток, кога лесно ќе може да се изнервирате…

Риби: со сила од природата!
Драги Риби, во овој период сте дел од силата на природата: Марс во знакот ви гарантира многу енергија и голема харизма. Можете да го искористите ова позитивно влијание особено на работното место, благодарение и на поддршката на Јупитер. На сентименталното поле, сепак, тензиите со партнерот ќе бидат на агендата: особено во петок и сабота, кога Месечината, исто така, ќе биде во неповолна позиција, па може да се појави одредена вжештена дискусија.

x

Check Also

К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok

Што се добива кога ќе се спои TikTok – моментално најбрзо растечката социјална ...