Неделен хороскоп (16. до 22. септември): Топ знаци на неделата – Вага, Близнаци и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур ќе блескаат во знакот на Вага, носејќи преубави вести не само за Вагите, туку и за сите воздушни знаци. Помалку среќа ќе имаат Овните, Раковите и Јарците. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 16 до 22 септември.

Овен – Каков стрес!

Драги Овни, со Венера во опозиција нема шега – оваа седмица таа ќе создаде земјотрес во вашата врска, колку и да е стабилна. И планетата Меркур, за жал, нема убави вести за вас – на работното место ќе преживувате моменти на криза. Сметајте на среќните денови петок и сабота и сконцентрирајте се на физичка активност за намалување на стресот или на релаксација.

Бик – Среќна недела

Оваа седмица ќе биде прилично среќна за вас особено во деновите кога Месечината е во конјукција – вторник, среда и четврток. Би требало да пристигнат убави потврди и вести на деловен план, а можни се и важни средби и состаноци. Набрзо за вас ќе пристигнат многу убави новости, а до крајот на оваа година треба да ви се исполни сонот. Марс ви подарува супер расположение, добро здравје и многу енергија.

Близнаци – Несопирливи сте

Конечно, и Венера и Меркур застануваат на ваша страна и ќе ве поддржат на сите полиња. На повидок се убави новости и интересни средби кои треба да ги искористите, особено во суперсреќните денови петок и сабота. Крајот на неделата ќе биде во знакот на силните чувства и страсти, а планетата на љубовта ќе ве направи магнетски привлечни.

Рак – Недела на тензии

Драги Ракчиња, за жал, оваа седмица со толку неповолен Меркур нема да може ништо да направите на деловен план. Проблеми ќе имате и во комуникацијата, а често ќе бидете погрешно сфатени. Понеделник е многу тежок ден за вас, затоа не преземајте ништо важно. Подобро ќе биде на самиот крај на неделата, особено во денот недела, кога убава Месечина ќе ве осветли и ќе ви го врати доброто расположение.

Лав – Време е за победи

Оваа недела ќе биде многу енергична за вас, а веројатно ќе добиете и некое признание кое го очекувате подолго време, на деловен план. Поволниот Меркур ви гарантира успеси. И на љубовен план, ѕвездите ви се насмевнуваат, со ветување за романтичен викенд. Внимавајте само на вторник и среда, зашто тие ќе бидат нервозни денови.

Девица – Нови признанија

Иако и Венера и Меркур го нашуштија вашиот знак, нови признанија уште пристигнуваат. Изборот кој ќе го направите на сентиментаелен план е вистински! И на работното место сериозно ве разбираат, пред вас се нови можности и важни деловни контакти кои особено, ќе ви се најдат за во иднина. Најсреќни денови се вторник, среда и четврток.

Вага – Број 1

Вие сте број еден оваа недела, сите планети ќе ве фаворизираат и затоа се ќе ви оди од рака на сите полиња. И Венера и Меркур се во вашиот знак, гарантирајќи ви прекрасни вести на љубовен и деловен план. Само денот понеделник ќе биде малку нервозен со Месечина во опозиција, но ништо серизоно…веќе од вторник полека но сигурно сите желби ќе ви се исполнат.

Шкорпија – Малку трпение

Сакате се веднаш и одеднаш, но оваа седмица ќе мора малку да се стрпите и да внимавате да не носите избрзани одлуки. Особено внимавајте на деновите вторник, среда и четврток, кога една грда Месечина ќе ви создава големи нервози…Сепак, може да сметате на поволниот Марс кој ќе ви дава сила да издржите. Причекајте со плановите, зашто поволниот период наскоро ќе пристигне.

Стрелец – Кажете „не“ на негативноста

Конечно брановите спласнуваат и пред вас с епојавува мирно море и на сентиментален и на деловен план. Меркур е поволен и ќе ви помага до крајот на септември, секако, нема се да биде совршено, но работите ќе се одвиваат мазно. Ве очекуваат убави вести, нови средби и по некоја прекрасна новост. Внимавајте само на негативните личности кои се намножиле околу вас, едноставно шкртнете ги од листата особено во петок и сабота кога Месечината ќе ве направи нервозни.

Јарец – Проблеми на работа

За жал, седмицата пред вас не ви носи ништо ново, но и ништо убаво. Работите, особено на деловен план, ќе бидат целосно закочени, не туркајте ништо со сила! Меркур ќе ви создава проблеми со колегите и со претпоставените, но не се исклучени ни семејни конфликти. Едноставно, ова не се вашите пет минути, тие ќе пристигнат наскоро, но до тогаш, стиснете ги забите!

Водолија – Решавање на проблемот

Конечно оваа седмица ќе почувствувате дека рацете не ви се повеќе врзани, па ќе преземете повеќе важни работи во ваши раце. Верувајте дека се е до вас, затоа почнете да го решавате проблемот кој ќе мачи, ќе успеете во тоа! Внимавајте што зборувате во деновите вторник и среда, да не зажалите подоцна..На љубовен план ве очекуваат мирни денови и разбирање со партнерот.

Риби – Недостаток на енергија

Драги Рипчиња, последниве неколку недели беа многу тешки за вас, а моравте да се изборите со опозицијата и на Меркур и на Венера. Сега, конечно, може да најдете спокојство и на работа, и во срцето, без разлика на тоа што Марс е во опозиција и нема да ве дарува со енергија. Искористете ги до максимум деновите вторник, среда и четврток, кога убава Месечина ќе ве осветли. Внимавајте на нервозните денови петок и сабота.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...