Неделен хороскоп (17ти до 23ти септември): Топ знаци на неделата – Вага и Шкорпија

Оваа недела планетата Меркур го напушта знакот Близнаци и влегува во Вага: за сите воздушни знаци почнува продуктивен период на работното место, додека Раковите, Овните и Јарците ќе се соочат со потешкотии на работа…А вие во кој хороскопски знак сте родени? Прочитајте што ви подготвиле ѕвездите за оваа недела, од 17ти до 23ти септември.

Овен – Меркур во опозиција

За жал, од петок планетата Меркур влегува во опозиција на вашиот знак, а тоа ќе го почувствувате со пречки во комуникацијата на секое поле, особено на работното место. Затоа, искористете ги позитивните денови до петок, посебно среќните денови понеделник и четврток, кои ќе бидат во знакот на позитивната Месечина, за да ги зацврстите и средите односите со колегите и шефовите на работа.

Бик- Љубовни проблеми

Со Венера во опозиција, за жал, нема шега на љубовен план! Во љубовниот живот ќе ви се отворат низа сомнежи и голема несигурност, до толку што може да се запрашате дали сте воопшто со вистинската личност. Првиот дел од неделата, генерално, ќе биде подобар од вториот дел, – внимавајте особено на тензичните петок и сабота, кога и Месечината ќе биде неповолна, па може да предизвика и кавги и лошо расположение.

Близнаци- Ви се враќа мирот

Конечно оваа недела планетата Меркур се враќа за пријатно да ве изненади после подолгиот период во кој ви создаваше проблеми. Почнувајќи од петок, ќе се случи позитивен пресврт во вашиот социјален живот – од подобрени комуникации со пријателите, семејството и колегите, па се до отворање на нови контакти. Ве очекуваат и убави вести на работно поле! Малку внимание на тензичниот ден – понеделник, во кој може да се чувствувате нервозни.

Рак – Два тешки дена и супер викенд

Оваа недела два дена ќе бидат посебно тешки за вас – вторник и среда, кога Месечината во опозиција ќе ви создава непредвидливи проблеми. За среќа, кон крајот на неделата ситуацијата се подобрува, а благодарение на прекрасната Венера ќе имате преубав викенд полн со емоции. Доколку имате љубовни проблеми, почнете да ги решавате од петок, кога се ќе ви тргне од рака и не заборавајте – довербата е најважна во една врска!

Лав-Љубоморни сцени

Со неповолна Венера не може да се очекува ништо друго освен кавги и недоразбирања со партнерот, зачинети и со љубоморни сцени. А, оваа недела изгледа дека воопшто нема да може за ништо да се разберете! Иако, од петок, Меркур ќе ви притрча во помош и ќе се обиде да ви помогне, барем за да ги подобрите комуникациите, тука е неповолната Месечина која дополнително цел викенд ќе ве мачи…

Девица – Шанси кои се фаќаат во лет!

Искористете го до максимум првиот дел од неделата, кога сеуште ќе ја имате големата поддршка на Меркур – тој ќе ви донесе убави ситуации и нови шанси кои треба да ги фатите во лет. Особено среќни денови ќе бидат вторник и среда. И на љубовно поле, ситуацијата сеуште ви оди од полза, а добрата Венера ќе ви приготви големи изненадувања. Осамените – многу е можно да сретнат личност блиска на нивното срце, а оние кои се во пар – ќе уживаат убави моменти заедно. Малку нервозен ден ќе биде само недела.

Вага – Добредојде Меркур

Одлични вести за вашиот знак – в петок, Меркур ќе биде во конјукција отворајќи за вас еден период на големи успеси, и задоволства на персонален план. Веќе од следната недела ќе почнат да пристигнуваат убави потврди на работното место. Најсреќни денови, кога и Месечината ќе ви биде поддршка, се четврок, петок и сабота. Малку нервозен ден може да биде единствено среда, кога треба да избегнувате да влегувате во дискусии.

Шкорпија – Господари на срцето!

Драги Шкорпии, Венера продолжува да свети во вашиот знак и ќе ве прави неодоливи за спротивниот пол. Сензуалноста, која ги карактеризира сите Шкорпии, ќе биде значајно нагласена – па, ако сакате да постигнете нешто, смело тргнете кон целта, или кон „пленот“. Особено искористете ги вторник и среда кои се суперсреќни денови, особено на работното место. Вие сте фаворити овојпат и на Мекур и на Месечината, што би можеле повеќе да посакате?! Нервозен ден – петок.

Стрелец – Супер понеделник!

За среќа, оваа недела, Меркур престанува да ви создава непријатности, а почнувајќи од вторник ќе стане многу поволен за вас. Сите неприлики и тешкотии од изминатиот период, особено оние кои се однесуваат на работното место, ќе најдат решение, а тоа ќе направи да ви се врати конечно спокојството. Понеделник ќе биде суперсреќен ден, со Месечина во конјукција, па очекувајте пријатни вести на љубовно поле. Малку нервозен ден – недела.

Јарец – Љубов-да, работа – не

Конечно планетата на љубовта, Венера, станува поволна за вас и ви носи спокојство на сентименталено поле, па од ден во ден, ќе ја зајакнувате врската, додека осамените – ќе имаат можност за нови средби. За жал, ситуацијата не е така блескава на работно поле, каде ќе се појават потешкотии на самиот крај на работната недела, кога Меркур ви го врти грбот. Затоа искористете ги среќните денови вторник и среда, кога имате поддршка и од Месечината.

Водолија – Љубовни маки

Во овој период вашите мисли ќе бидат насочени само на сентименталното поле – Венера е неповолна, продолжува да ви креира љубовни проблеми, ставајќи ја под знак прашање вашата врска. За среќа, почнувајќи од петок, Мекур ќе ви подари неочекувани новости и авантури, кои ќе внесат свежина и забава во вашиот живот. Искористете ги среќните денови – четврток, петок и сабота, кога и Месечината ќе биде на ваша страна.

Риби – Ден за паметење

Конечно, оваа недела Меркур нема веќе да биде во опозиција со вашиот знак. Почнувајќи од петок, сите проблеми и тешкотии од минатиот период, особено на работен план, ќе бидат надминати. Недела ќе биде најубавиот ден, во кој Месечината во конјукција со Венера, ќе ви донесе преубави емоции кои лесно не се забораваат!

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...