Неделен хороскоп (18. до 24.ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Стрелец

Оваа седмица и планетата Марс е во знакот на Шкорпија. Раковите, Овните и Јарците ќе имаат супер енергија, додека замор ќе чувствуваат Лавовите и Биковите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 18. до 24. ноември 2019.

Овен – Ви се враќа енергијата

Последниот период беше стресен за вашиот знак зашто моравте да се борите со опозицијата на Марс. Но почнувајќи од вторник конечно оваа планета нема да ви создава проблеми и веднаш ќе почувствувате убаво расположение и зголемена волја. Венера е на ваша страна и ќе ви донесе среќа во љубовта – внимавајте само на негативниот ден сабота.

Бик – Марс во опозиција

 

За жал, оваа седмица ќе мора да се соочите со опозицијата на Меркур но и на Марс. Затоа пред вас е еден напорен и заморен период особено од психофизичка гледна точка. На работа ве очекуваат проблеми кои нема да имате сила да ги решите. Не навлегувајте во кавги и дискусии, ни на деловен ниту на семеен план. Воздржете се од коментари.

Близнаци – Опсесивни во љубовта

Љубовта ве прогонува: Венера во опозиција ги заоструваат тензиите меѓу вас и вашиот партнер и постои ризик да се однесувате премногу импулсивно … Одвојте си потребно време за убаво да размислите без притисок! Деновите среда и четврток, особено, ќе бидат прилично стресни, бидејќи Месечината е во неповолна позиција. Подобро во петок и сабота, кога дури и дијалогот може да стане опуштен.

Рак – Смиреноста се враќа!

Оваа недела конечно – почнувајќи од вторник – планетата Марс ќе се врати да ви се насмевне и може да се чувствувате повторно радосни и полни со енергија! Поволниот Меркур продолжува да ви помага во релациите на деловен план, ама и ви носи добри можности за нови соработки. Најсреќни денови во неделата, со убава поволна Месечина, ќе бидат среда, четврток и недела.

Лав – Стрес на работа …

За жал, оваа недела, планетата Марс ќе ви го сврти грбот. Не е лесно време, особено на работа – обврските се многу и ризикувате секогаш да се чувствувате многу уморни и не многу енергични. Искористете ги деновите понеделник и вторник, кога убавата Месечина ќе ве поддржува! Среќни денови, исто така, се петок и сабота. Поволната Венера гарантира љубов и страст.

Девица – Доаѓаат изненадувања!

Драги Девици, неповолната Венера продолжува да задава пречки на емотивен план – некои од вас може да решат да ја прекинат врската која не функционира баш добро веќе од поодамна. На работа, од друга страна, пристигнуваат убави можности, фаворизирани од планетата Меркур. Особено среда и четврток ќе бидат два дена полни со изненадувања, со убава среќна Месечина во знакот. Поволниот Марс ви дава толку многу дополнителна енергија!

Вага – Среќни денови!

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти вашиот знак, но енергијата што ви ја даде во последните неколку месеци ќе продолжи да блеска од вас.  Може да сметате на неа за да постигнете важни резултати, особено во супер-среќните денови  петок и сабота, кога ќе ја имате и Месечината во знакот. Љубовта ќе ви цути благодарение на убавата Венера во поволен аспект, и ќе ви донесе толку многу романса!

Шкорпија – Ќе бидете непобедливи!

Оваа недела планетата Марс ќе биде дополнителна поддршка на веќе раскошниот Меркур во знакот, подготвен да ве направи непобедливи! Вистинско време е да излезете: ниту една цел не е невозможна да се постигне и ќе ја имате целата сили и енергија што ви е потребна за да реазлизирате големи проекти. Недела е супер-среќен ден, кога дури и Месечината ќе биде во вашиот знак!

Стрелец – со Венера во знакот!

Венера во знакот продолжува да ви дава големо задоволство на сентиментален план: љубовта цвета, вашата врска се развива безбедно на новите хоризонти! Ако сè уште сте „сингл“,обрнете внимание на деновите петок и сабота: можни се среќни средби , „бакнати“ од прекрасна поволна Месечина! Бидете малку претпазливи на деловен план во среда и четврток, кога нешто може да тргне наопаку …

Јарец – Пред успехот

Еве конечно, оваа недела дури и најмалиот проблем се оддалечува од вас, најавувајќи го декември како месец на триумфите! Почнувајќи од вторник енергијата ќе ви се врати, како и расположението. Но, сепак, не е оваа таа ѕвездена недела, туку само подоготовка за она што следува во следните недели! Убави вести може да очекувате во среда и четврток.

Водолија – Големо обновување

Силата ви се враќа, а насмевката на сентиментално поле – самодовербата ви расне, но ќе почувствувате и голема доверба во партнерот. Некои прашања за кои долго време барате одговор, конечно ќе се решат. Внимавајте само на нервозните денови со Месечина во опозиција – понеделник и вторник. Тогаш може да се соочите со некоја пречка на работен план. Среќни пак, ќе бидат деновите петок и сабота.

Риби – Сметајте на Марс

Внимавајте да не си ги ставате при срце емотивните грижи, зашто ризикувате да ги префрлите и на работното место искажувајќи незадоволство и нервоза…Среда и четврток ќе бидат потешки денови, кога и Месечината е во опозиција. Добрата вест е што тука е планетата Марс да ве награди со многу енергија за да може полесно да ги надминувате проблемите.

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...