Неделен хороскоп (18-ти до 24-ти февруари): Топ знаци на неделата – Јарец и Девица

Со Венера во знакот на Јарец, оваа недела љубовта ќе им се насмее на сите земјени знаци: Биковите, Јарците и Девиците ќе имаат недела полна со страст! Љубовни приблемчиња пак, ќе имаат Раковите, Вагите и Овните. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте го вашиот неделен хороскоп за периодот од 18-ти до 24-ти февруари 2019.

Овен – Не се карајте со партнерот

Внимавајте, драги Овни, на кавгите и конфликтите со партнерот. Можеби премногу барате од него? Венера е во опозиција и нема да добиете никаква поддршка, затоа смирете ги страстите и оставете периодот да мине без да влегувате во сериозни дискусии. Особено внимавајте во многу нервозните денови – петок и сабота кога и Месечината ќе биде многу неповолна. Добри вести доаѓаат на работен план – од понеделник до среда може да чуете убава новост!

Бик – Многу енергија!

Ова за вас ќе биде недела полна со сила и енергија. Благодарение на оваа позитивна сила ќе успеете да ги надминете сите пречки и на деловен и на приватен план. На работен план ве чекаат позитивни проекти, особено од понеделник до среда. Денот недела може да биде малку нервозен, поради Месечината во опозиција. Венера пак е позитивна и ќе ви донесе многу убави мигови со партнерот, а осамените имаат можност за интересни средби.

Близнаци – Да живее Меркур!

Вашата недела ќе биде прекрасна од гледна точка на релациите и средбите. Меркур, кој е и ваша планета, ќе ви помогне да го добиете најдоброто од професионалните односи и без напор ќе успевате да ги реализирате плановите. Особено поволни денови за работа се понеделник, вторник и петок. Нешто неочекувано на емотивен план може да се случи во вторник или среда, поради неповолната Месечина.

Рак – Проблеми со партнерот

Конечно оваа недела ќе се чувствувате силни и сигурни во тоа што го сакате. Сепак, за жал, опозицијата на Сатурн продолжува, па особено нервозни и тешки денови за вас ќе бидат петок и сабота. Внимавајте пред се на сентименталното поле – Венера е неповолна, во опозиција, и продолжува да ви создава проблеми во врската. Обидете се да ги одложите сите сериозни дискусии со партнерот до март.

Лав – Меркур во опозиција

Опозицијата на Меркур оваа недела ќе ја почувствувате и тоа добро – на работен план ќе се појават блокади и недоразбирања, осбено внимавајте да не направите посериозен конфликт со претпоставените. Марс е исто така неповолен, тоа ќе предизвика да се чувствувате без енергија, а особено внимавајте на грипови и настинки. Вторник е среќен ден, кога станува збор за емоциите, па може да очекувате убави емоции кои навистина ќе ве поткренат.

Девица – Една спокојна недела

Драги Девици, ова ќе биде една недела полна со спокојство. На ваша страна ја имате планетата на љубовта, Венера, подготвена да ви подари радости и задоволства. Осамените Девици ги чека убава средба и вљубување. Марс ќе ви донесе одлично здравје и многу енергија, додека една супер-Месечина во конјукција со среќа ќе ги осветли деновите – среда и четврток. Треба да ја фатите во лет пружената прилика!

Вага – Зборувајте со партнерот!

Венера е неповолна оваа недела и затоа ќе се чувствувате постојано нервозни. Но, не избегнувајте по секоја цена да разговарате со партнерот, зашто во овој период разговорот е фаворизиран од ѕвездите. Следуваат убави и помирни денови а тоа се – петок и сабота, кога Месечината ќе биде во конјукција и конечно ќе се смирите. Убави вести пак, ве чекаат на работа – вторник е суперповолен ден за деловни соработки.

Шкорпија – Недела на страст

Ќе продолжите да ја чувствувате опозицијата на Марс – оваа недела ќе се чувствувате уморни и како некој да ви ја „испил“ целата енергија, па нема да имате волја за ништо. Особено безволни ќе бидат понеделник и вторник, кога и Месечината ќе биде неповолна, и ќе ви донесе лошо расположение. Но почекајте, денот недела е пред вас, а тој е преубав – полн со искрени чувства, романтика и многу разбирање. И Венера е поволна и се подготвува да ве награди со убави емоции.

Стрелец – Во потрага по нови емоции

Драги Стрелци, Меркур е поволен за вас оваа недела, и ќе ви помогне да остварите одлични резултати, пред се на деловен план. Понеделник, вторник и петок ќе бидат денови полни со пријатни изненадувања, во кои вашите цели ќе ви изгледаат многу блиску до вас и лесно остварливи. Внимавајте само на нервозните денови среда и четврток, кога неповолната Месечина може да ви приготви непријатно изненадување на емотивен план. Во љубовта – ќе добиете потреба за нова енергија и нови емоции.

Јарец – Кралица на срцата!

Драги Јарци, продолжувате да бидете кралеви и кралици на срцата во овој период. Љубовта ви се насмевнува од сите страни и ви подарува убави чувства. Ако сте во врска, со партнерот ќе се одлучите на чекор понапред. Суперсреќни денови се среда и четврток, кога Месечината ќе застане на ваша страна и ќе ја дуплира среќата. И на работен план ќе одите со чекори напред – тоа се ситни чекори можеби, но многу значајни!

Водолија – Месечината во опозиција

Вашата работна недела нема да започне баш убаво – во понеделник и вторник , Месечината ќе биде во опозиција и ќе ви донесе лошо расположение и куп нервози. Не грижете се, станува збор за мал и минлив период на криза. Меркур во конјукција ќе ви донесе многу важни средби кои ќе ви користат во индина, особено среќни денови за работа се петок и сабота. Марс е неповолен, а тоа ќе предизвика чест замор и чувство на недостаток на енергија.

Риби – Без страв!

Не плашете се од своите големи чувства – знаеме, вие се давате премногу во врските и токму затоа патите. Но, овојпат не плашете се. Венера во овој период е подготвена да ве награди со многу возвратена љубов и да ве заштити од повреди на срцето. Внимавајте само на среда и четврток, кога Месечината во опозиција може да создаде некоја тензија во семејството или на работното место. Многу среќа пак ќе имате во денот недела.

x

Check Also

„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска ...