Неделен хороскоп (18ти до 24ти март): Топ знаци на неделата – Водолија, Овен и Стрелец

Оваа недела, драги Лавови, може да имате проблеми во љубовниот живот…Венера во знакот на Водолија ги фаворизира воздушните знаци. На работа суперфаворизирани остануваат да бидат Овните, додека Вагите ќе се соочат со блокади на нивниот деловен пат. А вие, во кој знак сте родени? Проверете што ви предвидуваат ѕвездите за париодот од 18ти до 24ти март 2019.

Овен – Супер недела

За вас ова ќе биде супер недела, со исклучок на деновите четврток и петок кога Месечината во опозиција може да ви приготви невусна шега. Останатиот дел од неделата ќе биде во знакот на среќата и успехот, и на работен план и на емотивно поле. Во понеделник би можеле да очекувате фантастични вести!

Бик – Проблеми во врската

 Драги Бикчиња, во овој период емотивните работи не ви одат како што сакате, а таква ќе биде и оваа недела. Особено за време на викендот се предвидуваат големи нервози и тензии – Венера е неповолна, а на неа ќе и се придружи и неповолната Месечина кои заедно ќе предизвикаат големи кавги со партнерот. Посреќни пак, ќе бидат вторник и среда. Обидете се да си подарите моменти за релаксација.
Близнаци – Убави вести
Одлични вести се на повидок за вас оваа недела. И Венера и Меркур ќе бидат на ваша страна. Во среќните денови понеделник, четврток и петок може да ја добиете поканата која долго ја очекувате, или пак пријатно изненадување на деловен план. Ве очекуваат денови полни со страст со партнерот. Ако сте сами, може да остварите важни љубовни средби. Само деновите вторник и среда ќе бидат малку нервозни.
Рак – Проблеми на работа
Со Меркур во неповолна позиција, оваа недела може да почувствувате некаква блокада или забавување на работното место, особено во деновите четврток и петок, кога и Месечината ќе биде неповолна и ќе создава дополнителни тензии. Но затоа очекувајте многу нови можности во среќните денови вторник и среда, кога полесно ќе ги најдете одговорите на вашите проблеми.
Лав – Да живее Месечината
За вас Лавови, оваа недела не може да започне подобро – во понеделник прекрасната Месечина ќе свети за вас, носејќи ви многу среќа! Меркур во позитивна позиција ќе ви донесе успеси на работното место, а убава деловна вест очекувајте во четврток и петок. Но, за жал, Венера е во опозиција и ќе продолжи да ви создава проблеми на сентиментален план особено на оние кои се во врска, а тензиите најголеми ќе бидат за време на викендот.
Девица – Се враќа спокојството
Драги Девици, оваа недела Месечината ќе ви подари два дена со многу голема среќа – вторник и среда. Ќе успеете да го добиете мирот и спокојството кои толку ви недостигаа во последниов период, особено на сентиментален план. Вашата врска конечно ќе застане на стабилни нозе и ќе продолжи да се гради по правилен пат. На крајот на неделата би можеле да имате важни средби благодарение на прекрасната Месечина.
Вага – Мислите на љубовта
За жал и оваа недела ќе мора да се соочувате со опозицијата на Меркур, кој нема да ви го направи лесен животот на работен план. Но за среќа, Венера е на ваша страна па на љубовно поле се ќе ви оди какошто сакате. Затоа, мислете на љубовта! Четврток и петок ќе бидат два суперсреќни дена благодарение на прекрасната Месечина која ќе ве направи попривлечни од било кога. Ќе бидат фаворизирани љубовни средби за осамените Ваги кои сакаат да започнат нова љубовна приказна.
Шкорпија – Венера не ви дава мир…
Венера во овој период си поигрува со вашите чувства и ќе ви носи неволји во комуникацијата со партнерот, особено ако сте во врска со постара дата. Сметајте затоа на крајот на неделата, особено в сабота и недела, кога Месечината ќе застане на ваша страна – во тој период може да направите конструктивни разговори со партнерот, па дури има можност и за помирување. На работно поле нема да има посебни потреси, но ни посебни вести…
Стрелец – На големо
Драги Стрелци, ова за вас ќе биде навистина посебна недела! Може да сметате на голема поддршка и од Меркур и од Венера, односно на успеси и на работен и на емотивен план. Понеделник, четврток и петок ќе бидат три дена полни со убави изненадувања во кои нема да недостигаат средби и лични потврдувања. Малку нервозни ќе бидат вторник и среда.
Јарец – Меркур не простува
Меркур е неповолен за вашиот знак оваа недела и ќе ви носи бројни непријатности и пречки особено на деловен план. Но не грижете се, ова е само еден минлив период, а потоа ќе следуваат успеси на долг рок. Сметајте на позитивните денови кога Месечината ќе биде поволна и ќе ви помага – вторник и среда. Четврток и петок пак, ќе бидат малку потешки денови. На крајот на неделата ќе успеете да си го вратите спокојството.
Водолија – Нервозен понеделник
Вашата недела нема да започне на најдобар начин – неповолна Месечина ќе ви создава нервози и лошо расположение в понеделник. За среќа, на ваша страна се Меркур и Венера кои во останатиот дел од неделата ќе ви подготват многу убави изненадувања! Особено на љубовен план ве очекуваат големи емоции особено во деновите четврток и петок, кога и осамените Водолии ќе можат да си ја најдат својата сродна душа…

Риби – Уште малку трпение…

Внимавајте на деновите вторник и среда во кои Месечината ќе биде во опозиција и може да ви донесе некоја непријатност или некоја непредидена ситуација. Но, не грижете се – станува збор за минлив период, задоволствата ќе пристигнат наскоро! Сметајте на суперсреќните денови сабота и недела, кога може да уживате во преубавите чувства заедно со партнерот.

x

Check Also

Еве ја новата колекција на PUMA претставена преку фотосесија со Селена Гомез (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По вторпат продолжува соработката на Селена Гомез со спортската марка PUMA, а ...