Неделен хороскоп (19ти до 25ти август): Топ знаци на неделата – Девица, Бик и Јарец

Во престојната седмица Венера ќе го напушти знакот Лав и ќе влезе во знакот Девица – се предвидуваат денови полни со љубов и страст за Девиците и за сите земјени знаци, додека љубовни проблемчиња ќе имаат кутрите Близнаци и Риби. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 19. до 25. август 2019.

Овен – Недела за релаксација

Вашата седмица ќе започне на големо со два прекрасни дена – понеделник и вторник, кога Месечината во конјукција ќе ви донесе убави изненадувања. Се до среда, може да сметате на поддршката на Венера која ќе гарантира одлично љубовни мигови. Пред вас е релаксирачка недела во која може да соберете енергија која понатаму ќе ви служи за спетмевриските деловни подвизи.

Бик – Убави моменти со саканото лице

Одлични вести доаѓаат за вашиот знак. Почнувајќи од среда, конечно, планетата на љубовта Венера ќе престане да ви создава маки, и ќе се врати да ви се насмевне. Ако август, до сега, не беше спокоен месец во однос на сентименталниот живот, сега конечно ќе најдете разбирање со саканото лице. Во среда, четврток и петок, прекрасната Месечина ќе ви донесе пријатни изненадувања.

Близнаци – Каков стрес!

Драги Близнаци, за жал, оваа седмица ќе биде нервозна и тешка за вас. Од среда Венера ќе ви го заврти грбот, а тоа значи почеток на период на недоразбирања со партнерот. Ако сте осамени, во следните недели ќе биде тешко да направите средби и нови контакти. И на деловен план, може да поминувате низ период на стрес…

Рак – Романтични мигови

Оваа седмица Венера ќе се врати на ваша страна! Од среда конечно планетата на љубовта ќе ви помогне вашата љубовна приказна да се разгори во позитивна насока, или пак, ако сте осамени да започнаете романтична душа. Среда, четврток и петок се три дена полни со романтика, благодарејќи на прекрасната Месечина.

Лав – Збогум Венера

Од среда Венера го напушта вашиот знак за да влезе во Девица. Август, се до овој миг, е месец полн со романтика, но сега ќе мора да вложите повеќе труд за да ја направите што посигурна вашата врска. Некои тензии на работното место се предвидени за централниот дел од неделата. Викендот посветете го на релаксација.

Девица – Ова е вистинки момент за вас!

Драги Девици, дојдоа вашите 5 минути кои долго ги чекавте! Од среда, планетата на љубовта, Венера, влегува во вашиот знак и носејќи ви период полн со страст, љубов, разбирање, нови средби..Во следниот период, всушност, може да се радувате на конјукцијата на Марс, Венера и Меркур – доаѓаат прекрасни вести и убави изненадувања на сите полиња, како и на работното место каде ќе се чувствувате незаменливи!

Вага – Месечина во опозиција

Вашата недела почнува со два тешки дена – понеделник и вторник, треба да се соочите со опозицијата на лошата Месечина која ќе ви донесе бројни нервози на сите полиња. Но веќе од среда ситуацијата се подобрува, а ќе добиете значајна поддршка од една важна личност. На љубовен план викендот можни се нови романтични средби.

Шкорпија – Се враќа страст

Конечно долгиот период на љубовни маки и недоразбирања доаѓа до крајот. Од среда Венера ќе престане да ви создава кончници на сентиментално поле и ќе ја врати страста во вашиот живот. Со партнерот ќе создадете посилна врска, откако бројните проблеми ги надмнавте. Внимавајте само на четврток и петок кои се нервозни на деловен план.

Стрелец – Проблеми со партнерот

За жал, драги Стрелци, од среда планетата Венера нема да биде веќе на ваша страна, а тоа значи дека ќе почне да создава проблеми во вашиот сентиментален живот. Затоа внимавајте да не влегувате во жестоки дискусии со партнерот, особено во сабота и недела, кога и Месечината ќе биде во опозиција. Внимавајте многу на зборовите, да не речете нешто за што долго ќе се каете.

Јарец – Одлични вести

Одлични вести за вашиот знак! Од среда Венера ќе застане на ваша страна – оние кои во последно време минуваа низ криза, сега може да сметаат на враќање на спокојството во врската, додека оние кои беа осамени може да се радуваат на нови средби. Ќе се чувствувате најсакани во светот! Одлични вести пристигнуваат и на деловен план, особено во централниот дел од неделата.

Водолија – Може да здивнете

Пред вас е седмица во која ќе почувствувате олеснување и задоволство на сите полиња. Периодот на тензии е зад вас, почнувајќи од среда. Вашата врска беше ставена долг период на проба, но ако заедно стигнавте до тука, веќе никој не ќе може да ве раздели! Доколку пак, во меѓувреме, ја прекративте врската и сте сами, конеќно ќе почнете да уживате во миговите кои ги минувате со самите себе.

Риби – Венера во опозиција

За жал, драги Рипчиња, нема убави вести за вас – од среда ќе мора да се соочите со опозицијата на Марс, што значи пад на енергијата и замор, Меркур, што значи криза на работното место и Венера, која ќе ви создаде љубовни маки. Следниот период ќе биде прилично комплициран за вас. Со целиот овој стрес, внимавајте на здравјето!

x

Check Also

iPhone 11 во продажба од 20.септември: Повеќе камери, повеќе бои и помала цена

Apple го претстави новиот iPhone 11. Кампањата најави три нови изданија : iPhone 11 ...