Неделен хороскоп (1ви -7ми октомври): Топ знаци на неделата – Вага, Шкорпија и Близнаци

Оваа недела Овните ќе мора да се соочат со опозицијата на Меркур кој ќе им создаде проблеми на работното место, но проблеми во комуникацијата на работа ќе имаат и Раковите и Јарците. Среќни ќе бидат сите родени во воздушните знаци, барем што се однесува до работниот план. Водолиите ќе имаат мали љубовни проблеми, а Биковите – малку поголеми. А вие во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви порачуваат ѕвездите за периодот од 1ви октомври до 7 октомври, 2018.

Овен – Меркур во опозиција

Драги Овнови, длабоко вдишете, оваа недела ќе мора да се соочите со опозицијата на Меркур кој ќе создаде проблеми во комуникацијата со другите, и во семејството и на работното место. Обидете се премногу да не се нервирате, особено во потешките денови – вторник и среда, кога и Месечината е неповолна. Четврток и петок ќе бидат поспокојни денови, додека за време на викендот посветете се на чувствата и оставете ги другите мисли настрана.

Бик – Љубовни маки

Со Венера во опозиција, нема шега – пристигна мигот кога треба да им погледнете на проблемите во лице и да се соочите со партнерот. Секако, комуникацијата со партнерот нема да биде лесна, но важно е да останете во пар и заедно да ги надминете овие проблематични моменти. Најдобри денови за разговор ќе бидат вторник, среда, сабота и недела. Но, подобро избегнувајте ги дискусиите во нервозните денови – четврток и петок.

Близнаци – Месечина во конјукција

За вас оваа недела се отвора на големо со Месечина во конјукција во понеделник – ден кога може да очекувате некоја убава вест или некоја прилика која не треба да ја испуштите. На работното место ќе функционирате беспрекорно, а вашите вредности ќе бидат препознаени. Среќни се деновите четврток и петок, додека викендот, почнувајќи од петок, може да се чувствувате малку осамено или непријатно. Љубоморни сте на вашиот партнер? Ѕвездите ви порачуваат да се контролирате.

Рак – Да живее љубовта!

За вас Ракчиња, оваа недела дефинитивно ќе биде во знакот на љубовта, со преубава Венера која ќе ве заштитува на сентиментално поле и ќе ја развива вашата врска, а за осмаените – ќе донесе нови емоции. Но, нема да биде толку среќна недела на работното место, бидејќи Меркур е неповолен и ќе ви создава пречки и задоцнувања. Сметајте на суперпозитивните денови – вторник и среда, кога и Месечината ќе блесне за вас. Викендот посветете се на љубовта.

Лав – Дискусии со партнерот

За вас оваа недела ќе биде полна со задоволства на работно поле – Меркур е позитивно поставен и ќе ви подари признанија и успех, особено во среќните денови четврток и петок. За жал, не е се така убаво на емотивно поле, бидејќи Венера ви го заврте грбот и ќе ви го наруши спокојот со партнерот, па не се исклучени и сериозни дискусии…Обидете се да избегнете конфликт и да го сослушате партнерот без да го напаѓате.

Девица – Часови на страст

За вас неделата ќе започне со еден многу нервозен понеделник, во кој неповолната Месечина ќе направи да се чувствувате лошо…Но, се ќе трне на подобро веќе од вторник и среда, кога може да очекувате некоја пријатна вест. Суперсреќни ќе бидат деновите сабота и недела, со прекрасна Месечина во конјукција – тогаш, љубовта ќе ви донесе големи задоволства, а позитивната Венера ќе ја распламти вашата љубов со голема страст.

Вага – На големо!

Меркур во знакот ќе ви помогне да постигнете сериозни успеси. Не губете го времето, тогаш, и концентрирајте се на вашите цели – би можеле да добиете одлични новости уште во понеделник, но убави вести ве чекаат и во четврток и петок, кога и Месечината ќе застане на ваша страна. На сентиментален план, може малку да ви биде здодевно – но наместо да се досадувате со партнерот, обидете се да ја разбудите фантазијата и да ја скршите рутината.

Шкорпија – Романтичен викенд

Ова е вистински момент за да ја развиете вашата врска до најстабилно ниво. Се што сакате на сентиментален план, ќе го добиете. Венера во конјукција ќе ги поддржи вашите предизвици и вашата врска, па можеби е време и за сериозни дискусии за проширување на семејството или за влегување во брак. Крајот на неделата ќе биде супер-романтичен и полн со страст, бидејќи и Месечината ќе сјае за вас. Нервозни денови би можеле да бидат четврток и петок.

Стрелец – Месечина во опозиција

Вашата недела ќе почне со не толку среќен понеделник – Месечината во опозиција нема да направи да се чувствувате пријатно. Не се разочарувајте, се работи за краток период на незадоволство, а веќе од среда ситуацијата ќе биде поповолна. Најдобри денови од неделата, во кои би требала да пристигне некоја убава вест, се деновите четврток и петок. Внимавајте на крајот на неделата да не почнувате дискусии со партнерот, за да не жалите подоцна.

Јарец – Вљубени до уши

Љубовта за вас оваа недела ќе ја земе целата сила – може да сметате на партнерот во тешките моменти (на работа), и партнерот ќе ви даде голема поддршка, секогаш тука за вас…Убавата Венера ќе им отвори нови љубовни врати на осамените Јарци. Но, на работно поле нема да оди се како што сакате. Вторник и среда ќе бидат особено тешки денови, со Месечината во опозиција. Внимавајте на релациите со претпоставените и колегите, зашто Меркур е неповолен и може да ви создаде сериозни проблеми.

Водолија – Проблеми во врската

Тензиите со партнерот оваа недела се предвидени од ѕвездите, особено во деновите кои се страшно нервозни – четврток и петок, кога и Венера ви се противи и ве „казнува“ заедно со Месечината која ви свртила грб. Воздржете се и не почнувајте никакви дискусии. За среќа, на работното место ситуацијата е многу задоволителна – ќе се отворат нови можности кои треба да ги фатите „во лет“, уште од самиот почеток на работната недела.

Риби – Венера е на ваша страна!

Драги Рипчиња, за една сентиментална личност како вас, работите не можат да одат подобро од ова! Венера е позитивна во овој период и ќе ви донесе бројни задоволства во однос на чувствата, ќе направи да се зацврти вашата романтична врска, додека на осамените – ќе им донесе нови средби! Најубави денови во неделата ќе бидат вторник и среда. Но, сабота и недела, може да се чувствувате малку незадоволни, а тоа се должи на неповолната Месечина.

x

Check Also

Приватно семејно здравствено осигурување отсега и онлајн со Еуролинк осигурување

Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за ...