Неделен хороскоп (1ви до 7ми април): Топ знаци на неделата – Бик, Риби и Овен

Оваа недела планетата Меркур влегува во нзакот Бик, носејќи многу среќа особено на деловен план на сите земјени знаци, а предизвикувајќи проблемчиња за кутрите Шкорпии, Лавови и Водолии. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 1ви до 7ми април.

Овен – Подготвени за победа

Поддршката од Марс оваа недела ќе ви даде предност над другите знаци – ќе бидете полни со енергија и сила, подготвени да се соочите и да победите во секоја ситуација. Четврток, петок и сабота прекрасна Месечина ќе биде во вашиот знак, станува збор за три суперсреќни денови во кои ќе добиете многу убава вест или ќе сретнете некого неочекувано. Во љубовта, внимавајте да не ги предимензионирате малите работи.

Бик – Добредојде Меркур

Драги Бикчиња, оваа недела Меркур официјално е во вашиот знак. Тоа значи дека пред вас е период на големи успеси особено на деловен план. Би требало да пристигнат потврди кои одамна ги очекувате или да се отворат нови можности. И во љубовта се ќе оди како подмачкано. Венера ја заштитува вашата релација, а недела ќе биде ден полн со романтика. Внимавајте само на нервозниот понеделник, кога Месечината е неповолна за вашиот знак.

Близнаци – Со помош на Марс

Марс влегува во вашиот знак а тоа ќе направи да се почувствувате расположени, полни со енергија и физички силни и здрави. Така, на полесен начин ќе доаѓате до целите и ќе ги надминувате евентуалните проблеми. За жал, Венера е неповолна и ќе ви создава проблеми во комуникациите со партнерот, особено внимавајте на деновите вторник и среда. Во четврток, петок и сабота пак, ќе почувствувате олеснување и смирување – благодарение на убавата Месечина која ќе застане на ваша страна.

Рак – Успеси…

Драги Ракчиња, конечно оваа недела почнува големо обновување за вашиот знак, конечно ќе можете слободно да дишете! Може да сметате на поддршката од Венера но и на онаа од Меркур, кој гарантираат убави успеси и на љубовен и на деловен план. Најсреќни денови во неделата ќе бидат вторник и среда, додека четврток, петок и сабота неповолната Месечина ќе ви го расипе расположението и ќе бидете нервозни.

Лав – Многу енергија

За жал, вашата недела ќе почне со тежок понеделник благодарение на лошата Месечина која ќе ви донесе лошо расположение. И Меркур е неповолен, па внимавајте да не направите поголеми грешки на работното место, особено во првиот дел од работната недела. Од друга страна пак, Марс е на ваша страна и ќе ви дава огромна сила и енергија за полесно да се справувате со проблемите. Четврток и петок ќе бидат денови во кои ќе се чувствувате порелаксирано, а можни се и убави вести на љубовен план.

Девица – Венера во опозиција

Планетата на љубовта Венера, за жал, оваа недела ќе биде во опозиција и вие тоа ќе го почувствувате преку тешките дијалози со вашиот партнер. Внимавајте особено на деновите вторник и среда кога се можни и посериозни кавги. И Марс е неповолен, доволно за да се чувствувате без енергија и волја нешто да смените, а треба повеќе внимание да посветите на кревкото здравје. За среќа, може да сметате на поддршката од Меркур подготвен да ви донесе пријатно изненадување на работен план кон крајот на неделата.

Вага – Се подобро и подобро…

Драги Вагички, конечно оваа недела нема да го имате Меркур во опозиција – тоа значи дека сите проблеми на работното место волшебно ќе се решат или ќе исчезнат. Марс е многу поволен и ќе ви донесе сила, енергија и одлично здравје. На љубовен план внимавајте викендот кога Месечината е неповолна и може да создаде лоши дискусии со партнерот, а во четврток и петок пак, пазете се од негативни луѓе кои ви смислуваат интрига.

Шкорпија – Меркур во опозиција

За жал, оваа недела Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак – во следниот период се ќе стане покомплицирано, особено на деловен план. Ќе почувствувате блокади на секој чекор или одложување на проектите и задоцнувања. Вооружајте се со трпение, наскоро ќе дојдат помирни денови а овие неколку недели ќе бидат брзо заборавени. Вложете се на полето на емоциите – Венера е на ваша страна и подготвена за поддршка во љубовта!

Стрелец – Марс во опозиција

За жал, со Марс во опозиција се ќе изглед апотешко за реализирање дури и кога не е! Затоа потсетувајте се во овој период почесто дека ова е ваша година и дека можете повеќе и подобро. Венера останува да биде негативна и ќе ви предизвикува проблеми во врската, но не толкави за да не можат да се надминат. Внимавајте особено на многу нервозните денови кога и Месечината ќе ви го сврти грбот, а тоа се – вторник и среда. Подобар ќе биде викендот.

Јарец – Големи проекти!

Конечно, Меркур не е повеќе неповолен за вашиот знак, а тешкотиите од претходниот период кои ве заморуваа, сега ќе бидат надминати. На работен план ќе успевате лесно да наоѓате решение за се, вусшност пред вас е период на големи прокети! Венера пак, е во неповолна позиција па очекувајте турбуленции на емотивно поле. Поволни денови се вторник и среда, а нервозни – четрвток и петок. Викендот, ѕвездите препорачуваат, да го поминете надвор од градот во природа и во релаксација која многу ќе ви треба.

Водолија – Каков прекрасен понеделник!

Драги Водолии, пред вас е еден понеделник кој би требале да го запомните – прекрасната Месечина ќе престојува во вашиот знак, а со поддршка на Марс, ќе ви донесе супер расположение и многу енергија. Внимавајте само да не претерате со темпото на работното место. Меркур е неповолен, за жал, па може да ви донесе некаква лоша шега или вистински проблем кој ќе се намачите за да го решите. Четврток, петок и сабота се три дена полни со среќни настани.

Риби – Одлични вести

Венера во вашиот знак ќе ви подари многу среќа во љубовта! Осамените Рипчиња во овој период ќе сретнат вистинска личност за нив и ќе почнат прекрасна љубовна приказна. Оние пак кој веќе се во врска ќе уживаат во прекрасни мигови со партнерот, а можни се и понуди за брак. Одлични вести доаѓаат и на деловен план во деновите вторник и среда. Внимавајте само на настинките, Марс не е на ваша страна па ќе се чувствувате уморни и скони на вируси.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...