НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (20. – 26.април): Топ знаци на неделата – Овен и Водолија

Оваа недела Стрелците ќе мораат да претрпат уште поголема љубовна казна, додека Венера ќе им се насмевне на Близнаците и Водолиите. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за оваа недела!

Овен: среќна недела!
Ова ќе биде навистина позитивна недела за вашиот знак! Всушност, се отвора со три дена со среќна Месечина: понеделник, вторник и среда, во кои сигурно нема да ја промашите вашата среќа. Меркур пак, ги прави вашите односи и комуникации со другите интензивни и значајни, додека поволната Венера ја зајакнува вашата врска.  Добри вести или дополнителни награди, исто така, може да дојдат на работното место.

Бик: под притисок 
Продолжува за вашиот знак нималку лесен период, особено од гледна точка на работата: многумина од вас ќе бидат принудени да се прашувате или да разгледаат некои соработки или динамики во канцеларијата. Неповолната позиција на Марс и Сатурн ќе ве натера да се чувствувате уморни и под притисок. Искористете ги најдобрите денови – четврток и петок, кога ќе можете да сметате на убавата среќна Месечина.

Близнаци: љубовта е насекаде наоколу!
Љубовта во овој период ве прави да се чувствувате среќни и да ги исполнувате вашите денови, дури и оние во кои се чини дека не оди сè како што сакате. Венера ви дава емотивна стабилност, која секако не толку очигледна за вашиот знак, секогаш барајќи нови емоции и различни искуства. Одлична вест стигнува на работниот фронт, фаворизиран од планетите Сатурн и Меркур.

Рак: некое недоразбирање
Вашата недела започнува со три тешки денови, во кои Месечината во неповолна позиција ќе предизвика некои несреќни случки и малку повеќе незадоволство. Сепак, подобро ќе биде почнувајќи од четврток. Меркур продолжува да биде во неповолна позиција за вашиот знак: можни се мали или големи недоразбирања на работа или во семејството. Бидете внимателни да не сфаќате сè премногу лично…

Лав: не се откажувајте!
Вие сте вистински борец, оној кој никогаш не се откажува, но сепак во овој период ризикувате да се чувствувате навистина малку повеќе паднати со духот. Спротивставувањето  на Марс и на Сатурн предизвикуваат важни блокади во вашето семејство или во професионалниот живот и на моменти ќе ви се чини дека немате доволно енергија. Преиспитајте се длабоко во себе: сигурно не ви недостасува сила и наскоро ќе ги видите сите ваши напори – наградени.

Девица: уметност на компромисот
Вашиот знак има тенденција да биде прилично пребирлив. Иако оваа карактеристика може да донесе виртуозни резултати (на пример во професионалната сфера), во сентименталното поле ризикува да ги зголемите тензиите меѓу вас и вашиот партнер: Венера е во неповолна позиција во овој период,  и таа ве замолува да го прифатите законот за компромис. Внимание особено за време на викендот, кога дискусиите со партнерот би можеле да се загреат…

Вага: Месечина во опозиција
Драги Ваги, вашата недела – за жал – започнува со три дена на Месечината во опозиција: понеделник, вторник и среда, кога би можеле да доживеете моменти на силен стрес, засилен со опозицијата на планетата Меркур, што ја отежнува комуникацијата со оние околу вас. За среќа, почнувајќи од четврток ситуацијата ќе бележи подобрувања, но пред се викендот ќе ви данесе убави емоции, а Венера, планетата на љубовта, ќе ви се насмевне.

Шкорпија: не се обесхрабрувајте!
Месечината во опозиција во четврток и петок ќе ве натера да се чувствувате нерасположено и под дополнителен стрес. Во овој период, уморот и притисокот предизвикан од неповолните Марс и Сатурн веројатно ќе ве обесхрабрат и ќе ве натераат да изгубите доверба во вашите проекти: немојте да се откажувате! Небото наскоро повторно ќе ви се насмевне и ќе се случат големи работи до крајот на 2020 година! За среќа, викендот ќе биде поопуштен.

Стрелец: заробени
Драги Стрелци, ако има нешто што едноставно прави да не можете долго да останете во романтична врска, тоа е чувството на лишеност од личниот простор и слобода. Во овој период, Венера во опозиција ризикува да се чувствувате токму така, а тоа ќе предизвика да почнете да се препрашувате во однос на вашата љубовна приказна… Не постапувајте импулсивно и одвојте го времето што ви треба за размислување. Сабота и недела ќе бидат два особено напнати денови.

Јарец: бидете трпеливи!
Овој период се чини дека ги доведува во прашање достигнувањата – особено на професионалното поле – остварени во првите месеци од годината. Не грижете се: наскоро неуспесите што ги доживувате, ќе можете да ги решите со голем успех, победата на долг рок ќе биде ваша! Во меѓувреме, ќе мора да се справите со некои недоразбирања, дома или на работа, заради неповолната планета Меркур, што ја отежнува комуникацијата.

Водолија: каква енергија!
Уште една недела на голема енергија за вашиот знак, кој се открива себеси секој ден посилен и способен да се соочи со секоја ситуација на најдобар начин. Транзитот на Сатурн на вашето небо носи големи вести и промени, што ќе ве одведат кон поголема свесност за вас и вашите вистински желби. Марс ве прави повеќе силни од кога било, додека Венера – од своја страна – ви дава бесконечен шарм и заводливи способности.

Риби: не инсистирајте премногу!
Драги Риби, љубовта во овој период зафаќа голем дел од вашите мисли: неповолната позиција на планетата Венера ве тера да ја доведете во прашање вашата врска, создавајќи сомнежи дека е подобро да се соочите веднаш со вашиот партнер. Преголемото инсистирање може да го влоши вашето расположение и постои можност дека ќе можете да ја видите ситуацијата на одреден драматичен начин! Среќни денови: четврток и петок.

 

x

Check Also

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Многу љубов за водните знаци, незаборавен за Лавовите

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе ...